Интеркултурна размена, детско село Песталоци, Троген, Швајцарија


Впечатоци од размената

 

Оваа размена, во секој поглед ги надмина нашите очекувања. За време на истата имавме можност да запознаеме многу другари, да посетиме многу места и да научиме многу работи, како од работилниците, така и од местата кои ги посетивме.  Во продолжение ви ги прикажуваме нашите впечатоци за она што можевме да го видиме и научиме таму.

 

Предавања и работилници- секој ден од понеделник до петок имавме предавања кои што се одржуваат во училиштето во детското село Песталоци.Првиот ден предавајната беа само од групата од Македонија, сите се претставуваме се запознававме, имаше игра која долови ние да бидиме сите поблиски. Да не заборавиме предавањата беа на Англиски јазик. Вториот ден се поделивме на две групи две групи во кои имаше  деца и од Македонија и од Србија.Тој ден беше еден од најубавите денови бидејќи во тој ден запознавме многу пријатели од Србија.Како поминуваа деонвите така предавањата беа се поитересни, а ние несакавме да дојде крај на сето тоа. Предавањата беа интересни бидејќи не беа само предавања преку текст, туку тие беа предавања преку интересни игри со што нас ни беше полесно и поинтересно да ги доловиме заклучоците на тие теми. Темите секогаш беа прилагодени на нашата воздраст  како индититет, дискриминација кои секогаш не водеа во размислување дали ние се согласуваме или не се согласуваме пр. со дефиницијата на индетитет, што ние всушност подразбираме под индетитет дискриминација.. Интересно беше што еден ден имавме работилница да седниме и да разговараме со геј и лезбејка.Таа дискусија можеби за нив беше тешка, но за некои од нас неприфатлива а за некои прифатлива. Секој има право на свое мислење. Внимателно ја слушавме нивната животна приказна, како почнала и како во тој момент се одвива..Така се одвиваа нашите предавања..Но последниот ден во училницата на подот имаше ставено перничиња на кои требаше да седнеме и да ги затвориме очите..се пушти тивка музика и како да ја наречеме професорката, мајката, сестрата, тивко не одведи со нашите глави во мислење за тоа како поминувавме, како заедно работевме, како не можиме еден без друг да успееме. А од нашите очи се лееа солзи.Тие предавања ни го положаја встинскиот пат по кој треба да одиме, и навистина тие предавања на сите ни значеа многу.Тие пријателства нема никогаш да згаснат. И заклучивме дека треба да се држиме сите за раце за да успееме во нешто!

-Глорија Талеска

Живеењето заедно беше најубавиот дел, најпрво се запознавме и веднаш почнавме да се спријателуваме, започнаа дружбите. Заедно спиевме, јадевме, чистевме, готвевме, шетавме, едноставно станавме едно цело, една фамилија. Обврските кои ги имавме ги извршувавме секогаш правилно и на време. Ние живеевме во куќа број 5, во таа куќа бевме заедно со децата од градот Битола. Нашиот гитарист правеше убави забави во ноќните часови, смеа, радос и среќа ја исполнуваа нашата куќа. Имавме соба за игри во која имаше пинг-понг табла и фудбалче, најголем дел од слободното време ни поминуваше токму во таа соба,секако да не ги заборавиме и картите. Бидејќи таму ни заврна снег, санкањето, снешковците и гаѓањето со топки ни беа главна занимација.Најдобрите палачинки кои ги направија вредните наши раце, колачите и подготовките за приредбата добро ќе се паметат. Дружбата беше совршена, освен со децата од нашата куќа ние добро другарувавме и со останатите деца. Најубавите мигови кои би можел човек да ги замисли ние ги доживеавме. Сега кога се вратив во мојата татковина, освен прекрасните пејсажи од прозорецот на мојата соба ми недостасуваат и моите бесценети пријатели и дружбите со нив. Ова беше извонредно искуство, кое мора секој да го доживее.

-Фросина Јованоска

 

12278262_10206081430615700_464859277_n12380448_10206081428095637_1174915979_n

 

Снимањето на радио емисија, беше уште една од задачите кои требаше да ги извршиме за време на оваа размена. Секоја група имаше задача да одбери тема на која ќе зборува. Откако сите одбраа теми, се префрливме на пишувањето на текстовите. После неколку проби, конечно дојде моментот кога требаше да се направи завршна снимка. Датумите на емитување беа набргу по нашето стигнување во Прилеп. Морам да признаам деа на почетокот беше чудно да го слушнам мојот глас, но како што „течеше“ емисијата, се навикнав и се што ми преостана беше да уживам во нашата интерпретација.

-Ивана Адамческа

 

Спортската сала и Youth club беа дел од детското село Песталоци, кои направија нашето слободно време да не биде залудно потрошено, туку напротив да биде исполнето со многу забава,игри, а пред се многу дружење. Спортската сала беше опремена со сите предмети кои беа потребни за непречено одвивање на спортските игри. Клубот за млади или “Youth club“ исто така нудеше многу интересни простории во кои можеа да се играат различни игри. Такви беа: просторијата со пинг-понг маси, просторија за билјард и пикадо, просторија за цртање и музицирање, просторија за одмарање и многу други.

-Антонио Лазов

 

12498926_10206081455416320_1376471375_n12527893_10206081457536373_1142809191_n

 

 

Сантис.Прекрасно е чувството да си на 2,500 м надморска височина. Прекрасно е да си на врвот на Сантис. Се качивме во жичара , се беше толку прекрасно, со нетрпение чекавме да тргниме и да доживееме уште едно ново, прекрасно искуство кое ке ни остани во сеќавање во нашите животи. Се слушаа воодушевените коментари од околу. Како што се приближувавме кон врвот на Сантис адреналинот се повеќе и повеќе растеше. По самото излегување од жичарата не пречекаа извонредните скулптури и изложби на животни, како и маркетот во кој можеа да се купат прекрасни сувенири. Како што одевме нагоре и нагоре се повеќе бевме воодушевени. Кога излеговме надвор ги гледавме само убавините што ги поседуваше Сантис. Имаше и деца кои се плашеа од висина па не излегоа надвор. Дојде времето за назад , повторно со жичарата се спуштивме кон местото од каде што тргнавме. Направивме прекрасни спомени на тоа место кои никогаш нема да се заборават.

-Симона Петреска

 

Водопадите на Рајна. Баш ми е мило што ќе ви расказжувам за овој дел од интеркултурната размена.Водопадите на Рајна беа дел од екскурзиите кои ги имавме секој викенд.На почетокот никој не се радуваше на водопадите бидејќи никој од нас дотогаш немаше отидено и не знаеше какво изненадување не чека.Во северниот дел на границата на Швајцарија и Германија се наоѓаше водопадот ,висок околу 23 метри широк околу 150 метри..а кога прашавме за длабочина ни одговорија со: не сакате да знаете,доволно длабоко за да преплаши,па ти е мил секој чекор кој успешно си го исчекорил. На водопадот водата течеше со огромна брзина и струја.Пештерата пак која се наоѓаше на самиот пат до водопадите беше огромна а од неа какко да врнеше дожд,капки на лицето на секој од нас од самите карпи кои од водата копја прскаше од водопадите сјаеа.И на акрајот самиот водопад свежината,ладнината не се опишуваа.А самиот врв беше кога се појави виножитото,неговите бои се испреплетуваа во самите водопати како венче,круна стоеа красејќи ги најголемите водопади на Европа. Не само од ова место туку и од самата Швајцарија понесовме многу спомени и моменти на среќа,а понесовме и знаење и многу пријателства.

-Теодора Трајкоска

 

12674198_10206081430175689_1049228170_n

12674355_10206081438615900_1748144595_n

 

 

 

 

Технорама беше уште едно прекрасно искуство. Самата конструкција на зградата ме остави без зборови… Тоа беше само најава за она што нè очекуваше внатре. Кога влегов во големиот објект, бев фасциниран од она што овој научен центар можеше да го понуди. Големиот број експерименти кои беа распространети низ овој центар, направија да посакам да го истражам секој можен агол на истиот. Можноста лично јас да ракувам со секој експеримент и начинот на кој тие беа прикажани навистина ме изненадија. Но она што посебно го привлече моето внимание, беше хемиската лабораторија. Со оглед на тоа дека хемијата е мојот омилен предмет навистина се чувствував добредојден. Веднаш се препуштив на магиите со кои оваа прекрасна наука може да се пофали. Теоријата, понекогаш знае да биде изморувачка, но кога истата е поткрепена со експеримент, станува многу поинтересна и полесна. Сè на сè, научив многу работи поврзани со науката, кои засекогаш ќе останат во моето сеќавање.

-Марио Нанески

 

Луцерн-Ах, тој град..Одамна прочитав дека е еден од најубавите градови во Европа па ме заинтересира..си мислев што е толку специфично.Ко дознав дека на разменава еден од планираните викенди за екскурзија ќе биди токму во овој град, колку возбудливо. Град со преубав поглед на езеро…преубаво е за да се искаже со зборови.

Почнавме со разгледување на градот, и стварно биле во право со тоа што го сместиле во тие најубавите. Прво шетавме покрај езерото, преку еден мост и се најдовме дури на другата страна од езерото.Погледот беше неопишлив. Потоа навлеговме во градот во центарот минувајќи низ разни споменици, фонтани, карактеристични за градот. Го посетивме стариот дел на градот,низ кој тече реката Ројс и истекува во езерото. Исто така го поминавме и Капеланскиот Мост кој му дава средновековен изглед на градот и е најстариот мост во Европа. Не вчудоневиде тоа што внатре на мостот беа насликани многу слики со некои специфични личности за кои не дознавме кој биле, ама дознавме дека на почетокот овој мост броел дури 158 слики но со текот на времето трпејќи војни напади и сл. тој број се намалил. Исто минувајќи го мостот забележавме зад него една кула која кула се викала Водена Кула. Уште колку и да ви кажувам би било малку за овој град. Им искажуваме голема благодарност на тие што ни го овозможија тоа а и целата размена.

 

-Селен Ајдароска

 

12528134_10206081428855656_1811634757_n12722138_10206081427295617_1593612941_n

 

 

 

 

 

 

 

 

Прекрасното патување наречено Троген-Песталоци, остави навистина прекрасни спомени кои ќе ги понесеме со нас засекогаш. Убавите работи ко ги видовме и пријателите кои ги запознавме ќе имаат посебно место во нашето срце, а она што го научивме останува да го пренесиме на нашите врсници .

12834745_10206081459056411_2122646412_n

 

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>