Monthly archives: March 2016


Метеж на натпреварот Spelling Bee

Десет зададени зборови буква по буква спелуваа вкупно 170 учесници од петто одделение до четврта година, од кои 38 продолжуваат на Регионалниот натпревар во април во Битола. Последниот круг е државниот во Скопје. СОУ “Ѓорче Петров” беше претесно да ги собере основците и средношколците кои ги докажуваа вештините во спелување на англиски на натпреварот Spelling […]


СОУ,, Ѓорче Петров‘‘ – домаќин на регионалниот натпревар по Биологија

Во саботата,  26.03.2016 година,   нашето училиште  СОУ,,Ѓорче Петров‘‘ беше домаќин на учесниците на Регионалниот натпревар по Биологија . Средношколците од прва, втора, трета и четврта година од Битола, Ресен, Демир Хисар и Прилеп, вкупно 62 ученици, вљубеници во биологијата, си ги одмерија знаењата, се запознаа и се дружеа помеѓу себе . Нивните ментори пак […]


Матурантите- конфекциски техичари во посета на дисперзираните студии при Универзитетот ,,Гоце Делчев‘‘ во Прилеп

Средбите , контактите, сознанија, ги прошируваат видиците, ја менуваат патеката по која младиот човек ќе чекори кон иднината. Да се види, да се биде информиран, да се создаде можност за избор, беше целта на посетата на матурантите од текстилно- кожарската струка при СОУ,, Ѓорче Петров‘‘ на дисперзираните студии од универзитетот ,,Гоце Делчев‘‘ од Штип, во […]


Од настанот по повод Денот на жената

Уште еден креативен поттик за литературните творци!!! Им благодариме за соработката и им посакуваме успех На 10 март, во просториите на нашата училишна библиотека, подготвен од Младинската организација и Дете – правобранител на СОУ,,Ѓорче Петров”, се одржа литературен натпревар во лични творби посветен на 8 Март – Меѓународниот ден на жената. Учество зедоа ученици од […]


Интеркултурна размена, детско село Песталоци, Троген, Швајцарија

Впечатоци од размената   Оваа размена, во секој поглед ги надмина нашите очекувања. За време на истата имавме можност да запознаеме многу другари, да посетиме многу места и да научиме многу работи, како од работилниците, така и од местата кои ги посетивме.  Во продолжение ви ги прикажуваме нашите впечатоци за она што можевме да го […]


СОУ “Ѓорче Петров” Прилеп, во присуство на претставникот на УСАИД

Пренесување бизнис искуство од стоматологот Виолета Кочоска за добиени неповратни средства од Агенцијата за вработување на РМ, пред учениците од трета година, од СОУ “Ѓорче Петров” Прилеп, во присуство на претставникот на УСАИД, г-ѓа Нина Бабушковска.


КОНКУРС

 К О Н К У Р С   Младинсκата оρганизација пρи СОУ ” Ѓоρче Петρов” Пρилеп во соработка со институцијата Дете – правобранител на СОУ ” Ѓоρче Петρов” Пρилеп,  по повод 8ми Маρт – Меѓунаρодниот ден на жената, ρаспишува Κонκуρс на тема: Жената на совρеменото општество. Личните твоρби може да бидат во вид на песна, […]


Стручна посета на фабриката за производство на хулахопки и чорапи  ,,Арини фешн‘‘

    На 24.02.2016 год. ученици и професори од текстилно -кожарската струка ја посетија фабриката за производство на хулахопки и чорапи  ,,Арини фешн‘‘.     Со оваа стручната посета  на учениците од образовниот профил конфекциски техничари  им се овозможи да го видат целокупниот процес на изработка на кружни плетенини – хулахопки и чорапи, на кружноплетачки машини и […]