Историјат


Средното општинско училиште “Ѓорче Петров” – Прилеп е формирано од две други училишта и тоа: Текстилно-рударското училиште „Илија Игески-Цветан“ и Техничко-дрвопреработувачкото училиште „Трајко Бошкоски-Тарцан“. Училиштето „Илија Игески-Цветан“ со работа почна од 1963 година со профилот ракувач со рударски машини, а во склоп на истото училиште по четири години се формира нов профил – конфекционер. Во 1984 година се формира Училишниот центар за производни занимања „25 Мај“ под раководство на директорот Видан Желчески до 1989 година.
Од 1989 до 2002 година СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп беше под раководство на директорот Бранко Лашкоски. Во овој период училиштето е преименувано во ДСУ „Ѓорче Петров“.
Од 2002 до 2010 година директор на училиштето СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп е Спасе Здравески. Во 2005 година училиштето од ДСУ преминало во СОУ „Ѓорче Петров“.
Од 2010 година директор на училиштето е Дејан Димоски.