Осма година по ред одржан креативниот конкурс „Јелена Крсти“

Оваа година  по осми пат, во СОУ,,Ѓорче Петров”, во организација на професорките Марта Макеска, Здравка Најдоска и Наташа Мирческа, со поддршка од директорката Жанета Видевска,  успешно се реализира креативниот  конкурс ,,Јелена Крстиќ”  во спомен на Јелена, талентирана ученичка од текстилно-кожарската струка. Темата на која твореа ученици од нашето училиште, а и ученици од основните училишта беше: „Природата – инспирација […]


Панделките од текстилците, украси на настанот „Прилепската новогодишна приказна“

Учениците-матуранти од секторот текстил, кожа и слични производи при нашето училиште СОУ „Ѓорче Петров” изработија украсни панделки со материјал дониран од компанијата „Кули” и станаа дел од „Прилепската Новогодишна приказна” која се „раскажуваше“ и доживуваше  во центарот на Прилеп.


Текстилци -креативци во „акција“ за украсување

Креативност, тимска работа и позитивна „модна“ енергија внесоа учениците од текстилно-кожарската струка при СОУ „Ѓорче Петров“, Прилеп при предновогодишната акција за украсување и уредување на училиштето. Со голема посветеност и чувство за естетика, учениците создадоа прекрасни модни „украси“ и внесоа празничен дух во  училиштето. Горди сме на нивниот труд, креативност и желба за креативно изразување!


Благодарници од болницата

На 29/12/2025 во просториите на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Директорот Д-р Кире Јоноски им врачи Благодарници на Директорката на нашето училиште Жанета Видевска и на стручните наставници Наташа Ванчева и Ленче Јованоска  Болницата е место каде нашите ученици ги стекнуваат и усовршуваат своите практични вештини . Учениците од Здравствено едукативната секција ЗДРАВЈЕ БЕЗ […]


Известување за Еразмус+ проектот

Во согласност со предвидените активности кои се дел од проектот Акредитиран проект 2025-1-MK01-KA121-VET-000309131 од Еразмус+ програмата, финансиски поддржан од Европската Унија и менаџиран од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, комисијата составена од претставници на СОУ Ѓорче Петров – Прилеп направи квалитативно оценување на пристигнатите апликации и интервјуата на учениците. На Повикот се […]


Две литературни награди на Конкурсот посветен на Св. Никола

На Литературниот конкурс што по повод градскиот храм Св. Никола го организираше Клубот на литературни творци од Прилеп нашето училиште се закити со две награди. Ученичката Марија Котева од 4-1кл. освои ПРВА НАГРАДА за прозниот текст “Кога денот ќе се заљуби во ноќта”, а Вилијам Спиркоски од 4-7кл. освои ТРЕТА НАГРАДА за песната “Вир од […]


Спорт без пречки

Денес во спортската сала на СОУ ЃОРЧЕ ПЕТРОВ Прилеп со спортски игри со учениците од дневниот центар ЅУНИЦА од Прилеп под мотото СПОРТ БЕЗ ПРЕЧКИ беше одбележан месец декември МЕСЕЦ НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ…… Голема благодарност на колегите и учениците од дневниот центар Ѕуница како и на учениците од здравствената струка од нашето училиште и […]


Нов европски проект поддржан од програмата Еразмус+

Нашето училиште има ново одобрен проект за стручно образование и обука на ученици и наставници. Проектот е одобрен од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во рамките на програмата Еразмус+, КА121-COO – Акредитирани проекти за мобилност на ученици и вработени (кадар) во полето на стручно образование и обука, со регистарски број 2025-1-MK01-KA121-VET-000309131. Во […]


Активот по спорт со нов успех

СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп беше домаќин на зонските натпревари во одбојка за средните училишта. На натпреварите учество зедоа екипите од СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп, Гимназијата „Мирче Ацев“ – Прилеп и СОУ „Наум Наумоски Борче“ – Крушево. Натпреварите се одиграа во систем „секој против секого“, при што нашите ученички остварија супериорни победи над своите […]


Втора награда на Првата градска ораторска вечер

Марко Костадиноски од 4-2кл. го закити СОУ,, Ѓорче Петров” Прилеп со ВТОРА НАГРАДА, под менторство на проф. Билјана Тинтоска. Имено, на Првата градска ораторска вечер, одржана на 10.12.2025г., во организација на РОТАРИ КЛУБОТ – Прилеп, по повод Меѓународниот ден на човековите права, учество зедоа нашите ученици: Михаела Талевска и Марко Костадиноски, двајцата од 4-2кл. Во […]