Monthly archives: January 2022


Почеток на второ полугодие

Од утре 1.02.2022 година започнува второто полугодие. Поради изведување на градежни активности во нашето училиште, наставата ќе се изведува од далечина – online. Од сите ученици се очекува редовно присуство и следење на наставата преку MS Teams. Среќен почеток на второто полугодие!!!


Mеѓународен ден на сеќавање на Холокаустот

27.01- меѓународен ден на сеќавање на Холокаустот Моделот на Ученик-правобранител при СОУ„Ѓорче Петров“ го одбележува овој ден со симболично видео, каде се запознаваме со вистински приказни од Холокаустот. „За историјата никогаш да не се повтори“ е нашето мото, со кое повикуваме на разумност и меѓусебна толеранција.


Резултати од изборот на апликанти за Проектот Upgrading Professional Skills

Во согласност со предвидените активности во склоп на проектот Upgrading Professional Skills, финансиран од страна на Програмата Еразмус+ на Европската Унија, комисијата составена од претставници на СОУ Ѓорче Петров – Прилеп направи квалитативно оценување на пристигнатите апликации и интервјуата на учениците. Следниве ученици се избрани да бидат учесници во мобилноста во Романија: 1 Мартина Крстеска […]