Теодор Димоски


Дар за сите матуранти

Од ,, Слободно театарче” – Драмска секција на СОУ ,, Ѓорче Петров” Прилеп ДАР  за нашите и сите матуранти во градов и пошироко ❣️Искрено им посакуваме успешна иднина, љубов, здравје❣️❣️❣️ Средношколските дни се незаборавни и единствени❤️ Чувајте ги како драгоцени спомени❣️ЧЕСТИТА МАТУРА❣️Посебна благодарност до нашата директорка за поддршката и до ФАН ПРОДУКЦИЈА за реализацијата!


еТвининг тим со еТвининг плакета за СОУ,,Ѓорче Петров‘‘

За активностите на тим од наставници и ученици нашето училиште СОУ,,Ѓорче Петров‘‘ е наградено со титулата eTwinning School 2020-2021. Наградата е доделена од европската eTwinning мрежа која е дел од програмата Eразмус+, ЕУ програмата за образование, обука, млади и спорт и е поддржана од Националната Агенција за Европски образовни програми и мобилност.


Љубовта кон уметноста и дизајнот на облека наградена на Конкурс ,,Јелена Крстиќ‘‘

На 23.12.2020 г.. во просториите на СОУ,,Ѓорче Петров‘‘, Прилеп, со почитување на мерките за заштита од Ковид 19, беа доделени наградите, сертификатите и благодарниците на учениците-учесници на онлајн реализираниот Конкурс ,,Јелена Крстиќ‘‘, организиран во спомен и чест на нашата ученичка Јелена Крстиќ. Настанот се одржа благодарение на ангажираноста на директорката на училиштето Петра Лукароска, спонзорот […]


16 дена активизам против насилство

Денес го избирам животот… Ја чувствувам слободата, денес избирам да го чувствувам животот. Не ја негирам мојата хуманост туку ја прифаќам. ПРИЈАВИ, бидејќи насилството повредува, а болката не е безначајна! СТОП за насилство Линк до видео: https://www.facebook.com/matea.popovska.3/videos/4151679591543978


Светски ден на детето

Денес, 20ти ноември е Светскиот ден на детето.😍  Ден кој го славиме во чест на децата, ден кога се потсетуваме за важноста на нивните права.👦 👧 Секое дете треба да си ги знае своите права, и да знае дека не е само! ❤ За таа цел Ученикот правобранител Матеа Поповска и нејзниот тим го подготвија ова видео.Уживајте 😊 https://www.facebook.com/matea.popovska.3/videos/4104704346241503/


“ICT tools” проект

Изминатата година СОУ Ѓорче Петров беше дел од проектот “ICT Tools” the Most Effective Ways to Learn a Foreign Language‘‘,во кој покрај нашето училиште беа вклучени и партнери од Италија,Финска,Турција,Шпанија . Овој проект ќе продолжи и оваа година, но со изменет тек. Имено ,дел од активностите почнаа да се работат онлајн се со цел да […]


Erasmus + инфо

   За нашето училиште СОУ ,,Ѓорче Петров‘‘  и оваа година од страна на Националната агенција за Европски образовни програми и Мобилност преку програмата Еразмус +  одобрени се средства за реализација на неколку проекти од клучните акции 102, 202,229 и проект одобрен преку Повелбата за мобилност со која, заради претходно успешно спроведени проекти беше наградено училиштето. […]


Пофалени матуранти

   Ученици кои имаа континуиран одличен успех и просек 5.00 во сите четири години од генерацијата 2016-2020:                           IV-1 Велкоски Христијан Јагуриноска Маја Кузманоски Зоран Наумова Благица Темелкоска Деница Цветкоска Сања IV-2 Димоска Тамара IV-3 Чакрески Матеј IV-7 Адамческа Теодора Грабулоска Леа Дамјаноска Ивана Ристеска Андреа Трифуновски Алберто III-5 Глигуроски Ивица


СОУ „Ѓорче Петров“ доби нов кабинет по Информатика

Во нашето училиште минатата недела беше ставен во функција новиот кабинет по предметот информатика. Средствата за реализација на овој зафат во висина од околу 1.200.000 денари се од училиштето. „Набавени се 21 нови и модерни компјутери, смарт табла, а поставен е и нов инвентар“, истакна директорот на училиштето, Страшо Ѓорѓиоски. Реализацијата на овој проект, апсолутно […]


Учество на меѓународна конференција во Италија

Професорот по информатика од нашето училиште – Гоце Неделкоски, беше единствениот македонски професор кој учествуваше во панел дискусијата на пленарниот дел на меѓународната конференција во Торино, Италија во организација на Европската фондација за обуки ETF. На панел дискусијата на конференцијата тој зборуваше за проектот кој беше имплементиран во неколку прилепски и други средни училишта од […]