Медицинска сестра


Профилот медицинска сестра, во СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп е воведен 1998 година. За време на четиригодишното образование учениците се стекнуваат со знаења од општообразовните предмети, стручните предмети, практични знаења и вештини. На тој начин учениците стекнуваат посебна одговорност за грижата на човекот и неговото здравје, запознати се со општите начела и правила на медицинската сестра, како и сите улоги што ги има таа и правилниот однос кон пациентите. По завршувањето на образованието учениците излегуваат како професионални медицински сестри, кои имаат можност да се вработат во здравствени институции во рамките на примарната, секундарната и терцијарната здравствена заштита. Исто така можат да го продолжат своето образование на кој било факултет, но првенствено на факултетите за медицинските науки. Практичната настава започнува во втора година, и истата се изведува во специјално опремени кабинети од доменот на медицината, а потоа во општата болница ЈЗУ „Борка Талески“ – Прилеп. Се изведуваат и посети на Домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“ во Прилеп, како и посети на други приватни или државни здравствени установи низ државата кои претставуваат вредни искуства за учениците. Феријалната пракса е задолжителна за учениците од втора и трета година која се реализира во текот на летниот распуст со времетраење од дваесет работни дена, со цел учениците подобро да се оспособат за идната професија. Работата на учениците се евидентира во дневникот за практична настава.

med.sestra1 med.sestra2 med.sestra3

med.sestra4 med.sestra5 med.sestra6