Геолошко-рударски техничар


Профилот геолошко – рударски техничар е потребен во една земја како за населението, така и за работниците. Наставата ја одржуваат професори и инжињери од таа струка. Во изградба е терен и соодветен рудник каде што учениците ќе ја изведуваат својата практична настава. Во склоп на нашето училиште има соодветен кабинет кадешто учениците одржуваат дел од практичната настава со цртање и пресметување. Феријалната пракса се изведува во фабрики од таа област по избор на ученикот. Со завршување на овој профил учениците можат да работат како: геолошки техничар, рударски техничар, цртач во катастарско биро и би можеле да отворат свој бизнис. Понатамошното образование учениците можат да го продолжат на Рударско-геолошки факултет кој е присутен во нашиот град. Оваа професија е многу ретка во нашата земја и затоа се потребни работници од таа област. И оваа струка е со четврт степен, така што учениците можат да студираат и на други факултети.

 

g.r.1    g.r.2g.r.3