Правилник за вонредни ученици


ПРАВИЛНИК во pdf (download)

ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ НА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТИ НА ВОНРЕДНИТЕ УЧЕНИЦИ И РАБОТА НА КОМИСИЈАТА ЗА ПРИЗНАВАЊЕ НА  ИСПИТИ КАЈ ВОНРЕДНИТЕ УЧЕНИЦИ ВО СОУ ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ПРИЛЕП

1.  ОПШТИ ОДРЕДБИ

Член 1                                                       

Согласно член 41 став 3 и 4, од Законот за средно образование („Сл. весник на РМ” бр.44/95, 55/2005, 113/2005, 35/2006, 30/2007, 49/2007, 81/2008, 92/2008, 33/2010,  116/2010, 156/2010, 18/2011, 51/2011,6/2012, 100/2012, 24/2013, 41/2014, 116/2014, 135/2014, 145/15, 30/16, 127/16 и 229/20)

Вонредни ученици се лица кои образованието го стекнуваат со самообразование, по пат на полагање испити за одреден план и програма во средното училиште.
Како вонреден ученик може да се запише лице кое исполнува еден од следниве услови:
– да е постар од 17 години;
– да е на боледување подолг период;
– да му е изречена педагошка мерка отстранување од училиштето,

– да е во работен однос и
– во други случаи утврдени со статутот на средното училиште.

Член 2

Во СОУ Ѓорче Петров– Прилеп, може да се запишуваат кандидати како вонредни ученици во следните струки и образовни профили:

Здравствена струка/ сектор – Здравство и социјална заштита

–    Медицинска сестра

  • Гинеколошко-акушерска сестра
  • Физиотерапевтски техничар
  • Фармацевтски техничар

Лични услуги    / сектор –   Лични услуги   

    –   Техничар за козметичка нега и убавина

   –    Фризер

Текстилно-кожарска струка / сектор – Текстил, кожа и слични производи

 – Техничар за изработка на облека

Шумарско-дрвопреработувачка струка  / сектор – Шумарство и обработка на дрво

 – Техничар за обработка на дрво

Геолошко, рударска и металуршка струка  / сектор – Геологија, рударство и металургија

– Геолошко, рударски техничар

  • Ракувач со рударски машини

Член 3

Вонредните ученици во секоја нова година се запишуваат со извод од матична на родени, пријава за упис и со свидетелства од претходната година.

Член 4

Вонредните ученици кои ќе се запишат после 01.09.2022 година ќе полагат според новите Наставни планови донесени од страна на Бирото за развој на образованието за  учебната 2018/19 година.

Вонредните ученици кои ќе се запишат во образовните профили со зголемен број на часови за практично образование, ќе може да ги  полагаат испитите  после завршување на генерацијата на редовни ученици.

Вонредните ученици кои се веќе запишани, ги полагаат испитите  според старите Наставни планови, Наставни програми  и правилници.

Член 5

Вонредни ученици може да бидат учениците кои се стекнале со  диплома за одреден образовен профил како редовни ученици, и сакаат да го продолжат своето образование во друг образовен профил од истата струка или да продолжат да се образуваат во друга струка односно образовен профил.

Член 6

За водење на вонредните ученици во училиштето се назначува одговорен  наставник , кој на секој кандидат при упис, според наставниот план му прави   листа на предмети кои треба да ги полага од соодветната година.

Член 7

Испитите за вонредните ученици се полагаат во текот на целата година освен во јануарската и јулската испитна сесија.

Вонредниот ученикот во еден испитен рок може да се пријави за полагање најмногу по три предмети . Во еден ден ученикот може да полага само еден предмет.

Со полагањето на испити од наредната година, кандидатот може да започне откако ќе ги положи испитите од претходната година.

Во една сесија кандидатот не може да полага испити од различни години.

Член 8

На кандидатот на кој му недостасува еден предмет за да може да полага завршен испит, со барање до Училишниот одбор, може да му се овозможи да полага во почетокот на месец јули.

Член 9

Испитите се изведуваат пред испитна комисија именувана од директорот на училиштето составена од наставници кои ја реализираат наставата. Испитната комисија се состои од три члена: претседател и  двајца членови.

Претседател на комисијата е наставникот кој предава во соодветната година.

Комисијата од став 1 на овој член работи во полн состав.

Член 10

Во училиштето е формирана Комисијата за признавање на испити кај вонредните ученици ( во понатамошниот текст Комисијата ) 

Комисијата е избрана од директорот и е составена од три члена, претседател и двајца членови.

Член 11

Комисијата работи во полн состав и има пристап до главните книги само кога се врши проверување на податоците и во присуство на одговорниот наставник за вонредни испити.

Пред почетокот на работата на Комисијата се прави примопредавање на попишани главни книги во присуство на раководниот орган, одговорниот наставник и Комисијата во полн состав.

При примопредавањето се прави записник кој го потпишуваат сите присутни наведени во став 2 од овој член.

Член 12

По завршувањето на мандатот на оваа Комисија се прави записник за примопредавање на комплетната документација и евиденција за периодот во кој работела Комисијата, во присуство на раководниот орган, одговорниот наставник и Комисијата во полн состав.

Член 13

За завршената година на кандидатот му се издава свидетелство кое се внесува во соодветната главна книга за вонредни испити.

Пред издавањето на свидетелството, Комисијата врши проверка на педагошката евиденција, и внесувањето на податоците во педагошката документација.

Член 14

Износот на средствата за упис на вонредните ученици и полагање на испити се уплаќа на жиро сметка и  е определен со одлука од Училишен одбор со Дел.бр.02 – 76/4 од 15.02.2016 – 3500 денари  за упис и 850 денари за испит за здравствената струка, и со Дел.бр.02 – 475/1 од 03.09.2012 – 2000 денари за упис и 600 денари за испит за останатите струки.

Член 15

Испитната комисија треба  да му обезбеди на кандидатот испитот да го полага непречено и самостојно.

Идентитетот на кандидатот пред почетокот на испитот го утврдува испитната комисија со документ за лична идентификација.

2.ЗАПИШУВАЊЕ НА ВОНРЕДНИ УЧЕНИЦИ

Член 16

Уписот на нови кандидати е од 1-ви до 5-ти, а листата на предмети кои треба да ги полага кандидатот, одговорниот  наставник треба да ја подготви до 10 – ти наредниот  месец.

Распоредот за полагање се истакнува на огласната табла на училиштето до 10 – ти во месецот.

Пријавувањето на испити е секој месец од 10-15 во тековниот месец.

Полагањето на испитите  е од 20-ти до 30 –ти, односно 31 – ви во месецот

Член 17

Кандидатот кој се запишува како вонреден ученик треба :

  • да ги приложи свидетелствата за завршено основно образование или свидетелствата од средното образование што го посетувал;
  • да уплати на жиро сметка упис за вонреден ученик;

Член 18

Одговорниот наставник на Комисијата и доставува список на кандидати кои се запишале во тој месец.

После проверката на претходните свидетелства, одговорниот наставник треба да направи листа на предмети што ќе ги полага кандидатот, за соодветната година.

Комисијата ги проверува свидетелствата на кандидатот и листата на предмети за полагање што ја подготвува одговорниот наставник.

Членовите на комисијата со потписи ја потврдуваат точноста на предметите што треба да ги полага кандидатот.

Листата на предмети одговорниот наставник ја доставува до кандидатот еден месец после уписот, односно до 10 – ти во месецот.

3.ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТИ

Член 19

Кандидатот одбира најмногу 3 предмети по свој избор од листата на предмети и ги пријавува со уплатница на жиро сметка на училиштето за соодветната сесија.

Предметите кои вонредниот ученик ги има  изучувано, за да се  признаат,  треба да се направи споредба на наставните програми.

Предметот кој вонредниот ученик го има изучувано,  му се признава, но сепак треба да го пријави како еден од трите предмети во сесијата, за да се комплетираат  записниците во досието на кандидатот.

За предметот кој се признава, а не се полага, се  уплаќа на жиро сметка третина од цената на испитот, односно 300 денари за здравствена струка и 200 денари за останатите струки.     

Член 20

Изборот на литературата и насоки,  кандидатот  добива исклучиво од  членовите на комисијата од соодветниот предмет и соодветната година по која предава.

Литературата  за учење, кандидатот може да ја побара и во училишната библиотека доколку ја има.

Материјалите од библиотеката кандидатот ги подигнува со потврда за вонреден ученик, и истите по завршувањето на испитот ги враќа.

Член 21

Пред полагање на практичниот дел, кандидатот мора да приложи и доказ за посетување на практичната настава.

Потврда за посетувана практична настава потпишува наставникот што ја реализира во соодветната година  во училиштето или соодветната институција во или надвор од општината (за кандидатите што живееат во друго населено место или општина).

Вонредниот ученик, формуларот за потврдата треба да го подигни од училиштето.

Бројот на часови за практичната настава што ќе ја посетува вонредниот ученик е половина од бројот на часови според Наставната програма за редовните ученици.

Член 22

При запишувањето во трета и четврта година, за предметот  Учење преку работа кај работодавач,  вонредниот ученик треба да потпиши договор склучен со соодветната институција за реализирање на програмата од предметот.

При пријавување на предметот  Учење преку работа кај работодавач,  вонредниот ученик треба да носи потврда и  потполнето портфолио за посетуваната обука ( задолжителна консултација со соодветниот професор ).

Член 23

Секој вонреден ученик по завршување на прва, втора и трета година, треба да реализира феријална практика според наставниот план за секој образовен профил, што е услов за запишување во наредната  учебна година.

Член 24

За време на испитот испитната комисија може:

  • да не го прими кандидатот доколку не го почитува терминот за полагање;
  • да не го прими кандидатот доколку се јави во друг ден од определениот;
  • да го отстрани од испитот доколку на било кој начин сака да препише или пак се однесува непримерно;
  • да не го прими кандидатот доколку не покаже документ за идентификација

Член 25

Доколку кандидатот не се појави на испитот, членовите на испитната комисија го потпишуваат записникот, и предметот ќе можи да го пријави  во наредната сесија .

Во случај на оправдано отсуство ( болест, смртен случај во семејството, елементарна непогода, преселба, склучување на брак), кандидатот може да го полага испитот во наредната сесија без плаќање, со донесување на соодветна потврда за отсуството.

Член 26

4.ИСПИТИ ПО СТРУКИ И ОБРАЗОВНИ ПРОФИЛИ

4.1.1. За Здравствена струка, вонредните ученици ќе ги полагаат следните испити по години:

За прва година – Медицинска сестра

Македонски јазик и литература

Англиски јазик

Историја

Информатика

Музичка култура

Ликовна уметност

Граѓанско образование

Спорт и спортски активности

Математика

Биологија

Хемија

Физика

Систем на здравствена и социјална заштита

Анатомија и физиологија

Латински јазик

Феријална практика

За втора година – Медицинска сестра

Македонски јазик и литература

Англиски јазик

Историја

Спорт и спортски активности

Математика

Биологија

Хемија

Физика

Микробиологија со епидемиологија

Основи на здравствена нега

Патологија

Исхрана со диететика

Феријална практика

За трета година – Медицинска сестра

Македонски јазик и литература

Англиски јазик

Спорт и спортски активности

Здравствена психологија

Фармакологија

Хирушки болести со нега

Инфективни болести со нега

Интерни болести со нега

Учење преку работа кај работодавач

Изборни предмети – Кандидатот избира еден предмет од понудената листа кој го изучува 2 часа неделно

       Изборен модул: Медицинска етика и геронтологија

       Предмет: 1.Медицинска етика

       Изборен модул: Општообразовен модул

       Предмет: 1.Биологија

                       2.Хемија

                       3.Физика

                4.Информатика

Феријална практика

За четврта година – Медицинска сестра

Македонски јазик и литература

Англиски јазик

Спорт и спортски активности

Невропсихијатрија со нега

Педијатриоја со нега

Гинекологија и акушерство со нега

Учење преку работа кај работодавач

Изборни предмети – Кандидатот избира еден предмет од понудената листа кој го изучува 2 часа неделно

Изборен модул: Медицинска етика и геронтологија

Предмет: 1.Геронтологија со нега

       Изборен модул: Општообразовен модул

Предмет: 1.Биологија

                        2.Хемија

                        3.Физика

       Изборен модул: Бизнис и претприемништво

Предмет: 1.Бизнис и претприемништво

4.1.2. За прва година – Гинеколошко-акушерска сестра

Македонски јазик и литература

Англиски јазик

Историја

Информатика

Музичка култура

Ликовна уметност

Граѓанско образование

Спорт и спортски активности

Математика

Биологија

Хемија

Физика

Систем на здравствена и социјална заштита

Анатомија и физиологија

Латински јазик

Феријална практика

За втора година – Гинеколошко-акушерска сестра

Македонски јазик и литература

Англиски јазик

Историја

Спорт и спортски активности

Математика

Биологија

Хемија

Физика

Микробиологија со епидемиологија

Основи на нега

Фармакологија

Патологија

Феријална практика

За трета година – Гинеколошко-акушерска сестра

Македонски јазик и литература

Англиски јазик

Спорт и спортски активности

Здравствена психологија

Хируршки болести со нега

Невропсихијатриски болести со нега

Интерна медицина со нега

Вовед во акушерство

Гинекологија со нега

Учење преку работа кај работодавач

Феријална практика

Изборни предмети – Кандидатот избира еден предмет од понудената листа кој го изучува 2 часа неделно

       Изборен модул: Нега во неонатологија и патолошка бременост

       Предмет: 1.Патолошка бременост

       Изборен модул: Општообразовен модул

Предмет: 1.Биологија

                        2.Хемија

                        3.Физика

                        4.Информатика

За четврта година – Гинеколошко-акушерска сестра

Македонски јазик и литература

Англиски јазик

Спорт и спортски активности

Педијатрија и неонатологија со нега

Инфектологија со нега

Акушерство со нега

Гинекологија со нега

Учење преку работа кај работодавач

Изборни предмети – Кандидатот избира еден предмет од понудената листа кој го изучува 2 часа неделно

       Изборен модул: Нега во неонатологија и патолошка бременост

       Предмет: 1.Неонатолошка  нега

       Изборен модул: Општообразовен модул

       Предмет: 1.Биологија

                        2.Хемија

                 3.Физика

Изборен модул: Бизнис и претприемништво

Предмет: 1.Бизнис и претприемништво

4.1.3.За прва година – Физиотерапевтски техничар

Македонски јазик и литература

Англиски јазик

Историја

Информатика

Музичка култура

Ликовна уметност

Граѓанско образование

Спорт и спортски активности

Математика

Биологија

Хемија

Физика

Систем на здравствена и социјална заштита

Анатомија и физиологија

Латински јазик

Феријална практика

За втора година – Физиотерапевтски техничар

Македонски јазик и литература

Англиски јазик

Историја

Спорт и спортски активности

Математика

Биологија

Хемија

Физика

Микробиологија со епидемиологија

Основи на медицинска нега

Патологија

Масажа

Физикална терапија

Феријална практика

За трета година – Физиотерапевтски техничар

Македонски јазик и литература

Англиски јазик

Спорт и спортски активности

Здравствена психологија

Клиничка медицина

Рехабилитација

Кинезитерапија

Физикална терапија

Учење преку работа кај работодавач

Феријална практика

Изборни предмети – Кандидатот избира еден предмет од понудената листа кој го изучува 2 часа неделно

       Изборен модул: Ургентни состојби и применета физикална терапија

       Предмет: 1.Итни медицински состојби

       Изборен модул: Општообразовен модул

       Предмет: 1.Биологија

                        2. Хемија

                        3. Физика

                 4. Информатика

За четврта година – Физиотерапевтски техничар

Македонски јазик и литература

Англиски јазик

Спорт и спортски активности

Клиничка медицина

Рехабилитација

Кинезитерапија

Физикална терапија

Учење преку работа кај работодавач

Изборни предмети – Кандидатот избира еден предмет од понудената листа кој го изучува 2 часа неделно

       Изборен модул: Ургентни состојби и применета физикална терапија

       Предмет: 1.Физикална терапија со козметологија

       Изборен модул: Општообразовен модул

       Предмет: 1.Биологија

                        2. Хемија

                        3.Физика

Изборен модул: Бизнис и претприемништво

       Предмет: 1.Бизнис и претприемништво

4.1.4.За прва година – Фармацевтски техничар

Македонски јазик и литература

Англиски јазик

Историја

Информатика

Музичка култура

Ликовна уметност

Граѓанско образование

Спорт и спортски активности

Математика

Биологија

Хемија

Физика

Систем на здравствена и социјална заштита

Анатомија и физиологија

Латински јазик

Феријална практика

За втора година – Фармацевтски техничар

Македонски јазик и литература

Англиски јазик

Историја

Спорт и спортски активности

Математика

Биологија

Хемија

Физика

Микробиологија со епидемиологија

Аналитичка хемија

Фармацевтска технологија

Фармакогнозија

Аптекарско работење

Феријална практика

За трета година – Фармацевтски техничар

Македонски јазик и литература

Англиски јазик

Спорт и спортски активности

Здравствена психологија

Медицинска биохемија

Фармацевтска хемија

Фармацевтска технологија

Фармакогнозија

Учење преку работа кај работодавач

Феријална практика

Изборни предмети – Кандидатот избира еден предмет од понудената листа кој го изучува 2 часа неделно

       Изборен модул: Применета фармација

       Предмет: 1.Козметологија

       Изборен модул: Општообразовен модул

       Предмет: 1.Хемија

                        2.Биологија

                        3.Математика

                 4.Информатика

За четврта година – Фармацевтски техничар

Македонски јазик и литература

Англиски јазик

Спорт и спортски активности

Фармацевтска хемија

Фармацевтска технологија

Фармакогнозија

Фармакологија

Храна и исхрана

Учење преку работа кај работодавач

Изборни предмети – Кандидатот избира еден предмет од понудената листа кој го изучува 2 часа неделно

       Изборен модул: Применета фармација

       Предмет: 1.Фитотерапија

       Изборен модул: Општообразовен модул

       Предмет: 1.Хемија

                        2. Биологија

                        3.Математика

Изборен модул: Бизнис и претприемништво

Предмет: 1.Бизнис и претприемништво

4.2.1. За струката  Лични услуги, вонредните ученици ќе ги полагаат следните испити по години:

За прва година – Техничар за козметичка нега и убавина

Македонски јазик и литература

Англиски јазик

Информатика

Историја

Музичка култура

Ликовна уметност

Граѓанско образование

Спорт и спортски активности

Математика

Биологија

Хемија

Лични услуги и други сектори на квалификација

Материјали во козметиката

Козметика

Феријална практика

За втора година – Техничар за козметичка нега и убавина

Македонски јазик и литература

Англиски јазик

Историја

Спорт и спортски активности

Математика

Хемија

Физика

Информатика

Иновации и претприемништво

Естетика

Козметологија

Шминкање

Третман во нега на раце и нозе

Феријална практика

За трета година – Техничар за козметичка нега и убавина

Македонски јазик и литература

Англиски јазик

Спорт и спортски активности

Физика

Козметологија

Анатомија и физиологија

Дерматологија

Третмани во нега на лице и тело

Учење преку работа кај работодавач

Феријална практика

Изборни предмети – Кандидатот избира два предмети од понудената листа кои  ги изучува по 4 часа неделно

       Изборен модул: Нега на тело

       Предмет: 1.Биокозметика

                        2.Велнес и спа третмани

       Изборен модул: Шминка

       Предмет: 1.Трајна шминка

Изборен модул: Општообразовен модул

Предмет: 1. Математика

                        2. Биологија

                 3. Хемија

                        4. Физика

За четврта година – Техничар за козметичка нега и убавина

Македонски јазик и литература

Англиски јазик

Спорт и спортски активности

Козметологија

Третмани во нега на лице и тело

Учење преку работа кај работодавач

Феријална практика

Изборни предмети – Кандидатот избира два предмети од понудената листа кои  ги изучува  4 часа неделно

       Изборен модул: Нега на тело

       Предмет: 1.Биокозметика

                        2.Велнес и спа третмани

Изборен модул: Шминка

       Предмет: 1.Специјална шминка

       Изборен модул: Општообразовен модул

Предмет: 1. Математика

                        2. Хемија

                        3. Физика

4.2.2. За прва година – Фризер

Македонски јазик и литература

Англиски јазик

Историја

Информатика

Математика

Хемија

Ликовна уметност

Спорт и спортски активности

Основи на здравство

Материјали во фризерството

Фризерство

Практична настава

Феријална практика

За втора година – Фризер

Македонски јазик и литература

Англиски јазик

Историја

Спорт и спортски активности

Математика

Биологија

Фризерство

Практична настава

Материјали во фризерството

Основи на здравството

Феријална практика

За трета година – Фризер

Македонски јазик и литература

Англиски јазик

Спорт и спортски активности

Естетика

Фризерство

Материјали во фризерството

Практична настава

Математика

Претприемништво

4.3. За Текстилно-кожарска  струка, вонредните ученици ќе ги полагаат следните испити по години:

За прва година – Техничар за изработка на облека

Македонски јазик и литература

Англиски јазик

Историја

Информатика

Музичка култура

Ликовна уметност

Граѓанско образование

Спорт и спортски активности

Математика

Хемија

Текстил, кожа и други сектори

Текстилно-кожарски суровини

Текстилно-кожарски материјали

Техничко цртање

Естетика

Феријална практика

За втора година – Техничар за изработка на облека

Македонски јазик и литература

Англиски јазик

Историја

Спорт и спортски активности

Математика

Физика

Информатика

Дизајн на облека

Конструкција на облека

Технологија на кроење

Технологија на шиење

Феријална практика

За трета година – Техничар за изработка на облека

Македонски јазик и литература

Англиски јазик

Спорт и спортски активности

Математика

Конструкција на облека

Технологија на кроење

Технологија на шиење

Доработка на облека

Испитување и контрола на облека

Учење преку работа кај работодавач

Феријална практика

Изборни предмети – Кандидатот избира еден предмет од понудената листа кој го изучува 2 часа неделно

       Изборен модул: Компјутерско конструирање на облека

Предмет: 1.Компјутерско конструирање на облека

       Изборен модул: Општообразование

       Предмет: 1. Математика

                 2. Хемија

За четврта година – Техничар за изработка на облека

Македонски јазик и литература

Англиски јазик

Спорт и спортски активности

Математика

Конструкција на облека

Технологија на кроење

Технологија на шиење

Студија на работа

Бизнис и претприемништво

Учење преку работа кај работодавач

Изборни предмети – Кандидатот избира еден предмет од понудената листа кој го изучува 2 часа неделно

       Изборен модул: Компјутерско конструирање на облека

       Предмет: 1.Компјутерско конструирање на облека

       Изборен модул:Нега на облека

       Предмет: 1.Нега на облека

       Изборен модул:Технолошки процеси на изработка на облека

       Предмет: 1.Изработка на заштитна облека

       Изборен модул: Општообразование

       Предмет: 1. Математика

                 2. Хемија

4.4. За струка Шумарство и обработка на дрво,  вонредните ученици ќе ги полагаат следните испити по години:

За прва година – Техничар за обработка на дрво

Македонски јазик и литература

Англиски јазик

Информатика

Историја

Музичка култура

Ликовна уметност

Граѓанско образование

Спорт и спортски активности

Математика

Физика

Биологија

Хемија

Современи технологии на економските сектори на пазарот на трудот

Техничко цртање со нацртна геометрија

Машини и алати

Анатомија со технички својства на дрвото

Феријална практика

За втора година – Техничар за обработка на дрво

Македонски јазик и литература

Англиски јазик

Историја

Спорт и спортски активности

Математика

Физика

Биологија

Информатика

Материјали

Машини и алати за обработка на дрво

Пиланска преработка на дрво

Хидротермичка обработка на дрво

Елементи на дрвните конструкции

Феријална практика

За трета година – Техничар за обработка на дрво

Македонски јазик и литература

Англиски јазик

Спорт и спортски активности

Фурнири и дрвени плочи

Машини и алати за обработка на дрво

Технологија на обработка на дрво

Пиланска преработка на дрво

Учење преку работа кај работодавач

Феријална практика

Изборни предмети – Кандидатот избира еден предмет од понудената листа кој го изучува 2 часа неделно

       Изборен модул: Општообразовен модул

       Предмет: 1. Математика

                        2. Физика

       Изборен модул: Производи од дрво и дрвна био маса

       Предмет: 1.Технологија на дрвна амбалажа

Предмет: 2.Дрвни монтажни објекти

За четврта година – Техничар за обработка на дрво

Македонски јазик и литература

Англиски јазик

Спорт и спортски активности

Технологија на обработка на дрво

Дрвни конструкции

Економика и организација на секторот

Учење преку работа кај работодавач

Изборни предмети – Кандидатот избира еден предмет од понудената листа кој го изучува 2 часа неделно

       Изборен модул: Општообразовен модул

       Предмет: 1. Математика

                        2. Физика

       Изборен модул: Производи од дрво и дрвна био маса

       Предмет: 1.Резбарство

       Предмет: 2.Дрвна био маса

4.5. 1.За струка Геолошко, рударска и металуршка, вонредните ученици ќе ги полагаат следните испити по години:

За прва година – Геолошко, рударски техничар

Македонски јазик и литература

Англиски јазик

Информатика

Историја

Музичка култура

Ликовна уметност

Граѓанско образование

Спорт и спортски активности

Математика

Хемија

Современи технологии на економските сектори на пазарот на трудот

Заштита на животна и работната средина

Техничка комуникација

Минералогија

Феријална практика

За втора година – Геолошко, рударски техничар

Македонски јазик и литература

Англиски јазик

Историја

Спорт и спортски активности

Математика

Хемија

Информатика

Менаџмент во геологијата, рударството и металургијата

Општа геологија

Петрографија

Длабинско дупчење

Рударство

Рударски машини

Феријална практика

За трета година – Геолошко, рударски техничар

Македонски јазик и литература

Англиски јазик

Спорт и спортски активности

Математика

Хидрогеологија

Геолошко картирање

Истражување на минерални суровини

Рударство

Рударски машини

Учење преку работа кај работодавач

Феријална практика

Изборни предмети – Кандидатот избира еден предмет од понудената листа кој го изучува 2 часа неделно

       Изборен модул: Општообразовен модул

       Предмет: 1. Математика

                        2. Физика

       Изборен модул: Лежишта на минерални суровини

       Предмет: 1.Лежишта на метали

       Изборен модул: Откопување на рудни наоѓалишта

       Предмет: 1.Современи методи на откопување

Предмет: 2.Автоматизација во рударството

За четврта година – Геолошко, рударски техничар

Македонски јазик и литература

Англиски јазик

Спорт и спортски активности

Математика

Инженерска геологија

Истражување на минерални суровини

Рударство

Рударски машини

Учење преку работа кај работодавач

Изборни предмети – Кандидатот избира еден предмет од понудената листа кој го изучува 2 часа неделно

       Изборен модул: Општообразовен модул

       Предмет: 1. Математика

                        2. Физика

       Изборен модул: Бизнис и претприемништво

       Предмет: 1.Бизнис и претприемништво

       Изборен модул: Лежишта на минерални суровини

       Предмет: 1. Неметалични минерални лежишта

                        2. Лежишта на каустобиолити

       Изборен модул: Откопување на рудни наоѓалишта

Предмет: 1.Рекултивација на теренот

4.5.2. За струка Геолошко, рударска и металуршка, вонредните ученици ќе ги полагаат следните испити по години:

За прва година – Ракувач со рударски машини

Македонски јазик и литература

Англиски јазик

Историја

Информатика

Математика

Физика

Ликовна уметност

Музичка уметност

Спорт и спортски активности

Техничка комуникација

Заштита на работната и  животната   средина

Геологија

Практична настава

Феријална пракса

За втора година – Ракувач со рударски машини

Македонски јазик и литература

Англиски јазик

Историја

Математика

Физика

Спорт и спортски активности

Геологија

Машинство

Рударство

Практична настава

Феријална пракса

За трета година – Ракувач со рударски машини

Македонски јазик и литература

Англиски јазик

Математика

Спорт и спортски активности

Рударски машини

Рударство

Практична настава

5. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 27

Овој правилник влегува во сила од денот на усвојување на седница на Училишен одбор.

По усвојувањето на овој правилник престанува да важи Правилникот за полагање на вонредни испити во здравствена струка во СОУ Ѓорче Петров – Прилеп.

27.06.2022                                    Изработил: Педагог – Снежана Милошеска