Monthly archives: November 2022


17 Ноември – светски ден на предвремено родените бебиња

Учениците од здравствената струка медицинска сестра ги продолжуваат своите активности. Кога ќе се спојат младоста, искуството, креативноста, знаењето и соработката се полнат срцата.


Недела за грижа на старите лица

Да ја одбележиме неделата за грижа на старите лица. Учениците од здравствената струка заедно со нивните гости од  Хрватска Италија Франција и Германија ја одбележаа неделата на малку поинаков начин. Сите заедно се грижиме за возрасните,мериме крвен притисок, сатурација, делиме совети, раскажуваме приказни, споделуваме искуства, се гушкаме, пееме, играме, се радуваме што сме сите заедно […]


14 Ноември – светски ден на дијабетес

По повод 14 ноември, светскиот ден на Дијабетот учениците од здравствената струка-медицинска сестра во соработка со ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Прилеп, реализираа активност контролно мерење на гликемија на персоналот и пациентите…Водени од нашето мото ДЕНЕС УЧЕНИК – УТРЕ СТРУЧЊАК сите заедно имаме заедничка цел ПОДОБРО ЗДРАВЈЕ ЗА СИТЕ.


Општински шампионки и во ракомет

Честитки за девојките Денес во спортската сала при СОУ Р. Р. РИЧКО ПРИЛЕП беше одигран финалниот натпревар во РАКОМЕТ ЗА СРЕДНИ училишта за ЖЕНСКИ. Победник а воедно и претставник за ЗОНСКИТЕ натпревари е екипата на СОУ ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ПРИЛЕП.


Шаховски турнир

На 11.11.2022 во СОУ ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ПРИЛЕП во организација на Училишен спортски клуб „Јастреб-2013“ и шаховски клуб „Прилеп“ се организира меѓукласно првенство во ШАХ во машка и женска конкуренција. Победник во машка конкуренција е ученикот Тошески Димитар а во женска конкуренција е ученичката Мицеска Анастасија. На сите учесници им благодариме за учеството а на победниците […]


Прва награда за прозен текст

На традиционалниот Конкурс по повод Месецот на книгата, што секоја година го организира Градската библиотека „Борка Талески“ Прилеп, ученичката Ивана Богојевска од 1-8кл., под менторство на проф. Билјана Тинтоска, освои Прва награда за прозен текст, во категоријата за средни училишта. Ивана, честитки 🍀 И уште многу успеси во иднина ти посакуваме!


Креативен конкурс – Јелена Крстиќ

СОУ „Ѓорче Петров“ и Активот по текстилство во соработка со професорката по Ликовна уметност Марта Кузмановиќ објавуваат: КРЕАТИВЕН КОНКУРС „Јелена Крстиќ“ на тема: „Ултра модерна облека и акцесоари со етно елементи“ Во чест на нашата прерано почината ученичка Јелена Крстиќ објавуваме Конкурс со кој се промовира модата, модниот дизајн, креативноста, талентот, креативноста и вештините на […]


Unification in diversity кај нас!

Во периодот од 23 до 28.10.2022 година, СОУ,,Ѓорче Петров” од Прилеп беше домаќин на гости, ученици и професори од Полска, Италија, Португалија, Турција и Романија. Станува збор за активности од проект од програмата Еразмус + ,,Unification in diversity”, чија основна цел е здружување во една целина на различните култури, традиции, историско-географски и етнолошките карактеристики преку […]