Monthly Archives: април 2021


Асистенти на лица со Алцхајмерова болест

Прилеп ги доби првите 12 лиценцирани асистенти за лица заболени со Алцхајмерова болест со завршувањето на тримесечната обука за возрасни која се спроведуваше во СОУ „Ѓорче Петров“ Прилеп. За обуката на проектот од УНДП се формираа тимови што заедно изработија специјализирана програма по сите стандарди во сферата на образованието заедно со Центарот за образование на […]


Дуално образование

Оваа година СОУ„Ѓорче Петров“ Прилеп во учебната 2021/22 година ќе отвори две дуални паралелки за два профили од текстилно кожарска и рударско геолошка струка. Дуалното образование нуди одлична можност во процесот на учење, учениците да се стекнат со вештини кои се клучни за работа на терен. Дуалното образование нуди и перспективи за полесно вработување, оспособување, […]


Конкурс за упис 2021/2022

МОН го објави конкурсот за запишување ученици во СОУ Ѓорче Петров – Прилеп за учебната 2021/2022 година Наставата во СОУ Ѓорче Петров се изведува на македонски јазик и кирилско писмо. Во прва година ќе се запишат 322 ученици во 10 паралелки со настава на македонски јазик според наставни планови и програми за: Здравствена струка – […]


Патронат – промотивно видео

По повод 2-ри Април, патрониот празник на нашето училиште, Ви го претставуваме новото промотивно видео во кое поранешни и сегашни ученици ги претставуваат профилите во кои учеле и искуствата и знаењата со кои се здобиле за време на средношколските години поминати во СОУ Ѓорче Петров.