Конкурс
Конкурс за упис во СОУ”Ѓорче Петров”-Прилеп
Конкурс за упис во СОУ”Ѓорче Петров”-Прилеп
На 28.4.2026г. во холот на нашето училиште се одржа промоција на шестата по ред книгана нашата колешка по македонски јазик и литература, Билјана Тинтоска. „Момина солза“ е збирка раскази во чиј фокус се многу животни ситуации со кои ниесекојдневно се соочуваме и се бориме. Промоцијата беше посветена на нејзинитематуранти, со пораки во расказите, што за […]
Учениците од текстилната струка, инспирирани од француската мода и познатите француски дизајнери, изработија модни илустрации и учествуваа со групна изложба по повод одбележувањето на Месецот на Франкофонијата . Активноста беше реализирана под менторство на професорката по стручни предмети во текстилно – кожарска струка, Јулијана Поповска. Изразуваме искрена благодарност до Ирена Наумоска, наставник по француски јазик, за […]
Учениците од текстилната струка учествуваа на модниот форум „Мода со втор живот: пренамена, реупотреба и одржливост“, – настан што обединува визии за мода која е креативна, одговорна и инспиративна. Панел-дискусијата ги истакна потенцијалите на модата со „втор живот“, преку поврзување на креативноста со одржливоста и практичните пристапи што ја градат иднината на модната индустрија во Македонија. […]
„Од отпад до вредност, од стара хартија до нова креативност!“ Денес реализиравме активност со нашите учениците од 1-3 клас и волонтерите од Гериохелп ,во соработка со ЛАГ Агро Лидер. Целта е поттикнување на креативноста и подигнување на свеста за рециклирање. Преку изработка на моливи и боички од стари весници, учениците стекнаа практични вештини и разбирање […]
На 3/04/2026 година се одржа Вториот симпозиум по превентивна медицина на кој нашите ученици Марија Пројческа, Омер Муса, Исидора Николоска,Милана Здравеска, Марија Попантоска, Андреј Макрески и Матеа Стојчевска сите од здравствена струка – медицинска сестра под менторство на стручниот наставник Наташа Ванчева се претставија со својата тема „Вакцинација – мит или вистина“.Тие покажаа зрелост, критичко […]
Гордост за СОУ,,Ѓорче Петров” се ученичките кои со многу посветеност и изразита креативност изработија костуми за годинешната маска „Златна прилепска кралица“ со која се претставија на меѓународниот карневл ,,Прочка 2026″ и го освоија ВТОРОТО МЕСТО . Нивната работа и креативност беше поттикнувана и подджувана од менторот , професорката Марта Макеска, а во остварувањето на идеите им […]
Хуманоста и емпатијата се чувства кои ги носиме во себе , ги примаме од околината. Тие се развиваат ако се поттикнуваат уште од рана возраст. Ученици од текстилно-кожарската струка од СОУ,,Ѓорче Петров”, членови на текстилната секција, водени од желбата за помош кога е најпотребна, организираа и остварија акција за изработка на мартинки кои им ги […]
Екипата во ФУТБАЛ ЖЕНСКИ од СОУ ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ПРИЛЕП општински шампион за средните училишта од нашата Општина…… Во финалето победена екипата на СОУ ГИМ МИРЧЕ АЦЕВ ПРИЛЕП со резултат 3:0 На учениците и професорот Зоран Димоски им посакуваме успех на понатамошните натпревари.
Во средата 04.03.2026.год, по повод претстојниот празник 8- ми март денот на жената учениците и професорите од здравствената струка, профилот фармацевтски техничар при СОУ „Ѓорче Петров“-Прилеп ,пред Камената бина во центарот на Прилеп организираа настан каде на случајните минувачи и посетители им се мереше бесплатно ниво на шеќер во крвта, крвен притисок и витаминско-минерален статус. […]