„Од отпад до вредност, од стара хартија до нова креативност!“
Денес реализиравме активност со нашите учениците од 1-3 клас и волонтерите од Гериохелп ,во соработка со ЛАГ Агро Лидер. Целта е поттикнување на креативноста и подигнување на свеста за рециклирање. Преку изработка на моливи и боички од стари весници, учениците стекнаа практични вештини и разбирање за значењето на повторната употреба на материјалите и заштитата на животната средина.
Заедно ја спојуваме креативноста со одржливоста, и заедно да градиме почиста и економски одржлива локална заедница.







