На ден 6.10.2026г. на состанокот што се одржа во просториите на училишната библиотека, по демократски пат, според новиот Правилник за облици на ученичко организирање и учество, поддржан од МОН, со јавно гласање беше формиран Ученичкиот совет за оваа учебна година, што е составен од претседател, потпретседател, генерален секретар и претседателите на заедниците на паралелки во училиштето.
Најпрво беа избрани претседателот: Матеј Иваноски од 4-1кл., потпретседателот Божидар Џокоски од 3-3 кл. и генералниот секретар Дамјан Николоски од 2-2кл. Потоа беа избрани координаторите на генерациите, и тоа:
За прва година: Марио Анѓелески од 1-7кл. и Мила Ристески од 1-6кл. – заменик.
За втора година: Дора Алексоска од 2-1кл. и Теона Анеска од 2-3кл. – заменик.
За трета година: Божидар Џокоски од 3-3кл. и Марија Истинџиоска од 3-2кл. – заменик.
И од четврта година: Матеј Иваноски од 4-1кл. и Јана Спиркоска од 4-7кл. – заменик.
Состанокот го координираа професорите од тимот за работа со Ученичкиот совет: Маја Димоска Јандреска – психолог , Марина Димоска и Здравко Ристески .
На Ученичкиот совет му посакуваме успешна и плодна работа.
