Програмата за размена на училишта во Западен Балкан на RYCO Superschools има за цел да го поддржи процесот на градење мир и помирување и меѓукултурното учење и дијалог меѓу училиштата, учениците и нивните заедници. Целта е да се обезбеди основа за создавање силни и одржливи врски меѓу средните училишта во регионот и градење долгорочни партнерства. Со учество во оваа иницијатива, средните училишта ќе имаат можност да аплицираат и, доколку бидат избрани, да спроведат размени од училиште до училиште, како и да учествуваат во активностите на програмата посветени на градење капацитети, вмрежување и соработка.
И оваа година нашето училиште е едно од избраните СУПЕРУЧИЛИШТА.
Во оваа мобилност вклучени ќе бидат 12 ученици од здравствена струка од втора до четврта година (медицинска сестра,фармацевтки техничар и физиотерапевтски техничар).
Проектот вклучува две мобилности и во двете ќе бидат вклучени истите 12 ученици. Првата мобилност е во периодот од 28.02.2027 до 06.03.2027 во Прилеп кога избраните ученици ќе бидат домаќини на 12 ученици од Краљево – Р.Србија кои ќе бидат сместени во нивните домови. Втората мобилност ќе биде реализирана во периодот од 28/03/2027 до 3/04/2027 во Краљево каде нашите ученици ќе бидат сместени во хотел.
Координатори на проектот се Наташа Ванчева и Венера Николова Мишачковска.
Секој заинтересиран ученик своите податоци да ги достави на email nvanceva@yahoo.com и да го потполни следниот формулар.
Огласот трае до 10.11.2026 година.
03.11.2026г Прилеп
