Monthly archives: December 2021


ПОВИК ЗА АПЛИКАЦИИ ЗА ЕРАЗМУС+ ПРОЕКТ УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ ВЕШТИНИ (UPGRADING PROFESSIONAL SKILLS)

Во согласност со предвидените активности кои се дел од проектот “Upgrading Professional Skills” финансиран од страна на Програмата Ерезмус+ на Европската Унија, Директорката на СОУ Ѓорче Петров – Прилеп го објавува овој Повик за поднесување апликации за учество на заинтересирани ученици во мобилност во Романија. Учениците кои можат да аплицираат треба да бидат најмалку втора […]


Заеднички активности на Училишниот парламент и тимовите на Ученик – правобранител

На 10.12.2021г. во просториите на нашето училиште, беа одржани едукативни работилници по повод Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените.  Работилниците ги реализираа членовите на  Училишниот парламент и тимовите на Ученикот – правобранител при СОУ „Ѓорче Петров“ Прилеп, а во нив учествуваа ученици од неколку класови. 


Претпразнично дружење со ,,Ѕуница”

По повод Светскиот ден на лицата со попреченост, членовите на Младинската организација – Ученичкиот парламент на СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп, денес го посетија Дневниот центар за деца со посебни потреби „Ѕуница“. За време на нивната посета учествуваа во дел од нивните секојдневни активности.  Нашите ученици ги даруваа со новогодишни пакетчиња, а за возврат добија […]


По повод Светскиот ден на борба против ХИВ и СИДА

01•12•2021г.,  Светскиот ден за борба против ХИВ и СИДА, Младинската организација – Ученички парламент при СОУ ,,Ѓорче Петров” го одбележа со поделување флаери со информативна содржина за AIDS вирусите, во центарот на градот и во нашето училиште.