Next Generation Narratives


„Next Generation Narratives“ е меѓународна програма за медиумска писменост, филмска уметност и дигитално раскажување, наменета за средношколци од Македонија и Србија.

Во периодот од 7-9/10 /2026 преку тридневната работилница 20 ученици од нашето училиште се запознаваа со основите на филмската уметност и развојот на фотографијата и филмот, а истовремено учеа како критички да ги разбираат медиумите и како самите да создаваат кратки видеа и reels за социјалните мрежи.

Работилницата ја водеше актерот Јован Ристовски и стручниот наставник Наташа Ванчева.

Проектот се реализира во соработка со Regional Youth Cooperation Office (RYCO) и Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) и вклучува четири средни училишта – две од Северна Македонија и две од Србија.