RYCO Проект


На 9/11/2026 година СОУ „ЃОРЧЕ ПЕТРОВ“ официјално го потпиша договорот за учество во програмата RYCO Superschools!

Преку овој проект, нашите ученици ќе имаат единствена можност да патуваат, да соработуваат со своите врсници од регионот и да градат нови мостови на пријателство, разбирање и соработка на Западен Балкан. Патот кон регионална размена и стекнување незаборавни искуства е веќе отворен!

Заедно со нашето партнерско училиште Шумарското училиште од Краљево, подготвени сме да создадеме инспиративни приказни и да покажеме дека младите се двигатели на позитивните промени. 🚀Минатата година го составувавме Мозаикот на пријателство а оваа година Ќе градиме пријателства – ќе градиме заедница.
Нови искуства, нови можности и пријателства што траат!

Прочитајте повеќе на линкот подолу.

https://share.google/6l1wlQI2u7B9atlYH