Monthly archives: February 2023


Твоја Европа Твој Глас

На 10.02.2023 нашето училиште го посети претставникот на Европската комисија Sibian Ionuţ, кој одржа презентацијата а потоа имаше и кратка дебата со присутните ученици поврзана со младинското учество во демократските процеси. Целта на посетата беше подетално да ги запознае учениците што ќе учествуваат на настанот “Твоја Европа Твој Глас”, 2023 со темата и да им […]


СТОП за кибер-насилство

На 07.02.2023 во просториите на нашето училиште се одржа презентација за Кибер-насилство. Александар Атанасовски – ученик од III-8 клас одржа презентација по претходно присуство на обука заедно со Михаил Ангелески од III-3 клас. Во текот на презентацијата учениците беа запознати со видовите на кибер насилство и силеџиство, и начините како да се спречат.


Општински натпревар по математика

На 4.2.2023 г. беше одржан Општинскиот натпревар по математика за учениците од средните училишта. Нашата ученичка Елеонора Илиоска од I-8 клас освои Втора награда, под менторство на професорката Валентина Темелкоска. На Елеонора ѝ честитаме за наградата и ѝ посакуваме успех на регионалниот натпревар.


Еразмус во Англија

„Cultural animation as a key against elderly social isolation“ Во периодотод 15.01 до 20.01.2023 во градот King’s Lynn, Англија се одржа четвртата мобилност од овај проект. Вклучени беа 5 ученици и 2 професори од нашето училиште. Проектот започна со реализација на 16.01.2023 во училиштето Springwood High School во King’s Lynn каде беа изведени активности како […]


Онлајн прирачник од проектот First Aid Worldwide

Здравствените работници се практичари. Едуцирани се за давање прва помош, лекување и грижа за луѓето, но постои потреба од перманентно надоградување преку следење и применување на новините и слушање на нивните искуства. За да ја претстават проектната работа и изработениот онлајн прирачник кој е преведен на неколку светски јазици и да дадат свој мал придонес […]


Дисеминација во ОУ,,Гоце Делчев‚‚

На 01.02.2023 г. професорите во СОУ„Ѓорче Петров“ од Прилеп, Галена Дулеска и Петар Аризанкоски како дел од учесниците во Еразмус+ проектот „First Aid Worldwide“ пред наставници од основното училиште „Гоце Делчев“ ја презентираа содржината на крајниот продукт од проектната работа- меѓународниот онлајн прирачник за прва помош. Од големо значење се наставниците кои се во непосреден […]