Monthly Archives: декември 2015


Нов влез во училиштето

По повод Св. Никола заштитникот на град Прилеп, во присуство на Градоначалникот Марјан Ристески и Претседавачот на советот на општина Прилеп Никола Димески, во СОУ „Ѓорче Петров“- Прилеп во употреба беше пуштен новиот влез во училиштето. Ова за училиштето и учениците преставува огромна придобивка од функционален карактер, затоа што сега во целост се скратува заобиколувањето […]


Учениците од Романија кај директорот

Учесниците во проектот ,,Низ пракса до подобри вештини‘‘ на прием кај директорот  Дејан Димоски Во петокот, 18.12.2015 г. учениците од СОУ ,,Ѓорче Петров‘‘ кои учествуваа во проектот ,,Низ пракса до подобри вештини‘‘ беа примени од директорот на училиштето Дејан Димоски. Низ разговор, учениците го информираа директорот за активностите во рамките на проектот . Тој ја […]


Македонска хемиска олимпијада

На Македонската хемиска олимпијада,  СОУ„Ѓорче Петров“ влезе во најтесниот круг! Во кругот натпревари по хемија, организиран од Сојузот на хемичари и технолози на Македонија, нашата ученичка Бранкица Мијаческа од 3-8 клас (здравствена струка, занимање – фармацевтски лабораториски техничар), под менторство на професорот по хемија Слободан Петкоски, покажа високи резултати. Имено, натпреварот се состои во испитување […]


Награди на конкурс од Здружението на литературните творци

На традиционалниот литературен конкурс што секоја година се организира од страна на Здружението на литературни творци – Прилеп, нашите ученички, под менторство на проф. Билјана Тинтоска,  повторно постигнаа висок успех со своите литературни творби. Имено, Јуле Атанасовска од 2-2 клас го освои Првото место во категоријата Најдобра песна. А Мартина Соколоска од 2-1 клас го […]


Рецитаторски Натпревар

На 10.12.2015г. во просториите на нашата училишна библиотека се одржа вториот по ред Рецитаторски натпревар на средните училишта од Прилеп во чест на св. Климент Охридски – основоположникот на словенската писменост, култура, јазик и литература во Македонија, првиот словенски писател и најистакнатиот ученик на Св. Кирил и Методиј. На натпреварот се претставија ученици од средните […]


Драмската секција за проектот „Безбедни училишта“

Драмската секција на СОУ„Ѓорче Петров“ Прилеп, по иницијатива на педагогот на училиштето Снежана Милошеска, подготви комична драмска претстава со вметнување филмски инсерти специјално снимани за потребите на претставата. Имено, идејата беше на еден симпатичен начин, преку извонредната изведба на нашите ученици – членови на Драмската секција, да се потврди корисноста од поставените камери во училишниот […]


Во посета на Витаминка

Преземено од vitaminka.com.mk Ученици од трета година, профил – Фармацевтско лабораториски техничар при СОУ „Ѓорче Петров“ од Прилеп, како составен дел од наставната програма ја посетија Хемиската лабораторија на „Витаминка“. Заменик директорот на Контролно-развојната лабораторија Олга Ристеска, ги запозна учениците со работата на лабораторијата и мерните инструменти. Учениците имаа можност да видат неколку испитувања за […]