Monthly Archives: март 2018


Нашите реки, наша заедничка иднина

Во периодот од 18.03 до 24.03 2018 група од 5 ученици и 2 професори учествуваа на  првата активност за учење со ученици од проектот –  „Нашите реки, наша заедничка иднина” во Модика – Сицилија, Италија. Домаќин беше средното училиште IIS Archimede од Модика. За време на престојот учениците учествуваа на работилници и различни активности за учење. Учесниците беа […]


Наследството од минатото, искуството од сегашноста и ветувањето на иднината

Во периодот од 28.01 до 03.02 2018 група од 5 ученици и 2 професори учествуваа на  првата активност за учење со ученици од проектот –  “Наследството од минатото, искуството од сегашноста и ветувањето на иднината”во Валмојадо, Шпанија. За време на престојот учениците учествуваа на работилници и различни активности за учење. Учесниците беа примени во канцеларијата на градоначалн икот на Валмохадо. Исто […]


Посета на конфекција ,,Васидора‘‘

Реализирана посета на конфекцијата ,,Васидора‘‘   Учениците од прва, втора, трета и четврта година од текстилно-кожарската струка при Соу Ѓорче Петров Прилеп, заедно со професорите по стручните текстилни предмети реализираа посета на конфекцијата ,,Васидора‘‘ од нашиот град.    Оваа конфекциска фабрика изработува модерна женска облека, во најголем дел за извоз, а дел и за потребите на својата продажна […]


Уште еден хумнитарен настап на Драмската секција на СОУ„Ѓорче Петров“ Прилеп

На 16 март 2018г., во ДК„Марко Цепенков“ Прилеп, во преполнетата со публика голема сала, на покана на наши ученици – волонтери во Црвен крст Прилеп, кои преку ПХВ програмата изработуваат мали хуманитарни проекти за помош на ранливи семејства, членовите на Драмската секција на СОУ„Ѓорче Петров“ Прилеп, ја изведоа претставата „Љубовна династија“, според сценарио на Филип […]


Осмомартовски панаѓур

На денот на жената -8 Март, во СОУ,, Ѓорче Петров‘‘ традиционално се одржа панаѓур каде што учениците од текстилно-кожарската струка ги презентираа и продаваа своите производи: марами, навлаки за перници, чаршави, фаќалки, привезоци..    Панаѓурот беше можност учениците да добијат позитивна потврда за  својот труд, но и да ги  развијат и менаџерските и комуникациските способности.


Дебата на тема: Мајчиниот јазик како дел од интегритетот на една држава

Моделот Дете – правобранител на СОУ„Ѓорче Петров“, претставен од Тамара Тодороска во функција на Дете-правобранител и двајцата Заменици: Ева Димеска и Филип Иваноски, во просториите на училишната библиотека, на ден 05.03.2018г. организираа дебата на тема: Мајчиниот јазик како дел од интегритетот на една држава. На дебатата зедоа учество ученици од втора, трета и четврта година, […]