Monthly archives: March 2023


“Твоја Европа, твој глас”

На 23ти и 24ти март, тројца ученици и еден професор од нашето училиште ја претставуваа нашата држава на настанот “Твоја Европа, твој глас” во Брисел, Белгија. Тие беа активни учесници во активностите кои се одржуваа во Европскиот Комитет, а беа поврзани со идејата за поголемо учество на младите во демократските процеси. Заедно со останатите 35 […]


Еразмус+ проект „Провери го изворот пред да споделиш нешто”

Седум ученици и две професорки во периодот од 6ти до 10ти март беа дел од петтата, а воедно и последната мобилност од Еразмус+ проектот „Провери го изворот пред да споделиш нешто”, која се одржа во Сату Маре, Романија. Патувањето до Романија започна на 04.03.2023, со прва станица во главниот град на Унгарија, Будимпешта, каде учесниците […]


Еразмус проект „Cultural Animation as a key against elderly social isolation“

Незаборавна мобилност беше реализирана во Славонски Брод, Хрватска преку проектот ,,Cultural Animation as a key against elderly social isolation” во кој покрај нашето училиште СОУ,,Ѓорче Петров” кое ја претставуваше Македонија, учествуваа наставници и ученици од Италија, Франција, Германија и од  домаќинот, Средното училиште ,,Матије Антуна Рељковиќа”.   После свечениот пречек со традиционална славонска музика, отпочнаа активностите. Сите ние заедно […]


Општински натпревар по англиски јазик

На општинскиот натпревар по англиски јазик кој се одржа на 18.03.2023 година учениците од СОУ “Ѓорче Петров” Прилеп ги постигнаа следните резултати: 1 година Трајкоска Ема – 1-3 клас – 1 местоРизовски Ненад – 1-3 клас – 2 место Ментор: Марина Димовска 2 година Марија Наумоска – 2-1 клас – 3 местоИвана Стојкоска – 2-1 […]


Општински натпревар по физика

На Општинскиот натпревар по физика за учениците од средните училишта, што се одржа на 10.2.2023г., нашите ученици од I-8 и I-2: Елеонора Илиоска, Сара Павлоска и Марко Костадиноски, под менторство на професорот Сашо Кочоски, освоија III награда. Честитки и успеси!🏆


Регионален натпревар по математика

На Регионалниот натпревар по математика за учениците од средните училишта, што се одржа на 4.3.2023г., нашата ученичката од I-8 клас Елеонора Илиоска, под менторство на професорката Валентина Темелкоска, освои III награда. Честитки и успеси! 🏆


Провери го изворот пред да споделиш нешто

Во периодот од 6ти до 10ти февруари во Кавала, Грција се одржа четвртата мобилност од Еразмус+ проектот „Провери го изворот пред да споделиш нешто”. Покрај нашето училиште на средбата имаше претставници од училиштата партнери од Италија, Турција, Грција и Романија. Од нашето училиште на мобилноста учество зедоа две професорки и седум ученици, кои имаа можност […]