На 14.4.2026г., успешно заврши реализацијата на проектот ,„Безбедна училишна средина“,
во соработка со НВО СЕГА. Тоа е проект поддржан од Детската фондација Песталоци. Со
средствата што ги доби училиштето заради реализираните активности од страна на
Ученичкиот парламент, беше обезбедена огласна табла со сандачиња за пофалби и
поплаки, како и лаптоп за потребите на Ученичкиот парламент. Огласната табла ја
изработи професорот Пеце Алексоски. На настанот беше присутна директорката на
училиштето, Жанета Видевска и тимот професори одговорни за работатa со Ученичкиот
парламент: Снежана Милошеска, Слободан Петкоски, Билјана Тинтоска и Марина
Димовска, како и повеќе ученици од нашето училиште.










