Во рамките на предметот „Планирање на кариера“, како и дел од активностите на Кариерниот центар при нашето училиште, учениците од II г реализираа наставен час во библиотеката на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност „Борка Талески“ – Прилеп.
Оваа едукативна посета им овозможи на учениците непосредно да се запознаат со разновидноста на професии застапени во болничкиот систем, со потребното образование за нивно извршување, како и со конкретните работни задачи и професионални одговорности што ги носи секоја позиција.
Свои стручни излагања одржаа претставници од повеќе области: доктор специјалист, главна сестра на одделение, финансиски и економски директор, ИТ инженер, машински инженер, како и главната медицинска сестра на болницата, Гордана Кафеџиоска, која воедно даде значаен придонес во организацијата и реализацијата на овој наставен час.
Оваа активност претставува значаен чекор во насочувањето на учениците кон информирано и одговорно планирање на нивната идна кариера.



