Текстилци -креативци во „акција“ за украсување
Креативност, тимска работа и позитивна „модна“ енергија внесоа учениците од текстилно-кожарската струка при СОУ „Ѓорче Петров“, Прилеп при предновогодишната акција за украсување и уредување на училиштето. Со голема посветеност и чувство за естетика, учениците создадоа прекрасни модни „украси“ и внесоа празничен дух во училиштето. Горди сме на нивниот труд, креативност и желба за креативно изразување!
