Monthly archives: November 2014


Промоција на текстилен сектор

Во, петокот, 21.11.2014, во просториите на конфекцијата ,,Кули” се оствари средба помеѓу претставници од Министерството за економија, текстилниот кластер на Р.Македонија, конфекцијата-домаќин, директорот на СОУ,,Ѓорче Петров”- Дејан Димоски, професори и учениците од профилот-конфекциски техничари. Средбата беше реализирана со намера да се изврши позитивна промоција на текстилниот сектор и да се запознаат сите субјекти со условите […]


Комфи Ангел кај нас

По иницијатива на Министерството за Образование и Наука во соработка со СОУ „Ѓорче Петров“ од Прилеп, на 18ти Ноември беше организирана интерактивна дискусија на тема „предизвик на бизнисот“ помеѓу Ирена Јакимовска управител на Д.О.О Комфи Ангел и учениците од нашето училиште предводени од директорот Дејан Димоски и нивните професори. Еве ја изјавата на Ирена Јакимовска […]


Diabetes Day

Учениците од СОУ Ѓорче Петров – здравствена струка (медицинска сестра) од III – 1 клас по повод 14 Ноември светскиот ден за борба против дијабетесот одржаа предавање со здравствено воспитен и просветен карактер, мереа крвен притисок и шеќер во крвта (гликемија) и делеа брошури кои самите ги изработија.    


Дом за стари лица

По повод месецот за грижа на старите лица, во посета на штитениците од старскиот дом Киро Крстески – Платник  беа учениците од СОУ Ѓорче Петров III – 2 клас здравствена струка (медицинска сестра) како и членовите на драмската секција. Идните медицински сестри на старите лица им го мереа крвниот пристисок, а актерите од драмската секција […]


Одбележан патрониот празник

По повод патрониот празник на СОУ Ѓорче Петров, во петокот на 31.10.2014 во просториите на народниот театар Војдан Чернодрински беше одржана свечена приредба. Пред присутните официјални гости, родители и ученици директорот на училиштето одржа пригоден говор. Потоа следуваше програмата која беше подготвена од учениците под раководство на нивните ментори.