Monthly archives: April 2015


Физиотерапевтите од III-3 во Катлановска бања.

Учениците од трета година, од образовниот профил физотерапевтски техничар, предводени од професорот Виданчо Николоски, на ден 06.04.2015 год. изведоа еднодневна научна екскурзија во Катлановска бања, Катланово. Во склоп на оваа екскурзија учениците имаа можност да се запознаат со сето она што го изучуваат во текот на теоретската и практичната настава по кинезитерапија, физикална терапија и […]


Отворен ден на МСУ,,Гаврило Романович Державин,, – Битола 3

Група на матуранти од СОУ,,Ѓорче Петров,, од Прилеп со професорките по Бизнис Благица Тренчевска и Христина П. Димеска беа во посета на  МСУ,,Гаврило Романович Державин,, – Битола, каде што им беа презентирани идните можности за студирање на економскиот, правниот, факултетот за психологија и факултетот за безбедно инжињерство при горенаведениот универзитет. Истовремено се одржаа работилници на кои […]


Прво место – Народна техника

На 51-от Државен натпревар за млади истражувачи кој се одржа на 25.04.2015 во Неготино, ученикот Мартин Ристов под менторство на професорката Весела Здравеска од нашето училиште освои прво место во категоријата Агротехника. Тема на изработка од ученикот: Исхрана за дијабетичари – Стевиа – природен диетален засладувач.


Giffoni on tour – Prilep

Giffoni on tour – Prilep Овој викенд, група ученици од нашето училиште беа дел од дводневната манифестацијата „Џифони Патува‚‚ што се одржа во кино салата „Мис Стон“. Џифони Македонија е дел од еден од најголемите филмски фестивали во Европа “Giffoni Expiriance” кој потекнува од Република Италија. Целта на овој фестивал е ширење на филмската култура надвор […]


Knowledge for health!

Од 17 – 19 Април 2015 во Банско, Република Бугарија се одржа ЧЕТВРТАТА ИНТЕРНАЦИОНАЛНА НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА,,  KNOWLEDGE FOR HEALTH,, на која активно учествуваа 19 професори од С:О:У,,Ѓорче Петров,, – Прилеп од здравствената струка и природните науки. На конференцијата беа презентирани повеќе трудови од универзитетски професори од повеќе универзитети како и трудови од професори во средните […]


Креирање на ефективни можности за вработување

На 24-04-2015г. се одржа јавна дискусија на тема ,,Креирање на ефективни можности за вработување,, организирана од Н.В.О. – ,,СЕГА,, од Прилеп, на којашто активно учество зедоа и професорките по Бизнис  од СОУ,,Ѓорче Петров,, – Христина П.Димеска и Благица Тренчевска.  На дебатата присутна беше директорката на АВРМ – Прилеп, претставник од локалната самоуправа на град Прилеп, […]


“Песталоци” во посета на нашето училиште

По успешно завршената интеркултурна размена на десет ученици од нашето училиште во Швајцарија, посетата ни беше возвратена од страна на дваесетчлена делегација на претставници од Детското село „Песталоци“ во Троген, Швајцарија. Тие беа пречекани во просториите на училишната библиотека од страна на директорот на училиштето Дејан Димоски. На средбата беа присутни: педагогот Снежана Милошеска и […]


Ученици од нашето училиште во посета на Швајцарија

Во рамките на проектот “Дете – правобранител”, група ученици од нашето училиште беа дел од двонеделната интеркултурна размена со ученици од Србија во детското село Пестолоци во Троген, Швајцарија. Имено проектот “Дете – правобранител” за заштита на правата на учениците, во соработка со коалицијата “СЕГА”, а со поддршка на тимот од професорите: Билјана Тинтоска и […]


Посета на економски факултет

На ден 03-04-2015 година, по повод Отворениот ден на Економскиот факултет – Прилеп, нашите ученици придружени од професорките  по Бизнис  Христина П. Димеска и Благица Тренчевска учествуваа на претставувањето на можностите што ги нуди факултетот за идните студенти.