Ученици од нашето училиште во посета на Швајцарија


Во рамките на проектот “Дете – правобранител”, група ученици од нашето училиште беа дел од двонеделната интеркултурна размена со ученици од Србија во детското село Пестолоци во Троген, Швајцарија. Имено проектот “Дете – правобранител” за заштита на правата на учениците, во соработка со коалицијата “СЕГА”, а со поддршка на тимот од професорите: Билјана Тинтоска и Слободан Петкоски, како и педагогот Снежана Милошеска, во нашето училиште успешно се реализира веќе повеќе години.

Претставници од нашето училиште беа учениците Георгина Николоска, Андреј Ристески, Сибел Зенгоска, Ангела Соколоска, Сара Мијакоска, Марија Коцева, Димитар Конески, Лариса Димоска, Анастасија Бошкоска и Кристијан Војнески водени од проф. Елизабета Милошеска, кои беа дел од тимот од Република Македонија заедно со 40 други ученици од Кавадарци, Тетово, Куманово и Дебар.

Учениците и професорите-супервизори во овој двонеделен временски период посетуваа работилници каде што научија многу за почитувањето на детските права, за меѓународната комуникација, за идентитет, дискриминација, перцепција и предрасуди.. Преку овие работилници учениците имаа можност да разменат искуства со врсници од Србија (Суботица и Нови Бечеј).

Исто така учениците имаа прилика да снимат своја радио програма и која се емитуваше во живо од Троген, Швајцарија на радио програмата www.power-up.org.ch

Сите активности беа реализирани со меѓусебна комуникација која се одвиваше исклучиво на англиски јазик.

За време на викендите беа организирани екскурзиите низ Швајцарија.

Така беа посетини Сент Гален, Цирих, Луцерн, водопадите на Рајна, Музејот на природни науки „Технорама“,како и највисоката планина Сентис-висока 2,502 метри.

Учениците од сите пет средни училишта извршија презентација секој на своето училиште, градот и на нашата држава Македонија. Притоа подготвивме и наши национални јадења, и на крајот сите заедно заигравме едно македонско оро.

Учениците добија задача да реализираат неколку работилници со своите соученици.

На крајот од оваа размена добивме сертификати за учевство. Поминавме прекрасни две недели, запознавме нови деца, нови познанства, нови карактери. Запознавме друга култура, поинаков начин на живот, посетивме нови места. Се на се – едно големо искуство кое останува запаметено.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.