Физиотерапевтите од III-3 во Катлановска бања.


Учениците од трета година, од образовниот профил физотерапевтски техничар, предводени од професорот Виданчо Николоски, на ден 06.04.2015 год. изведоа еднодневна научна екскурзија во Катлановска бања, Катланово.

Во склоп на оваа екскурзија учениците имаа можност да се запознаат со сето она што го изучуваат во текот на теоретската и практичната настава по кинезитерапија, физикална терапија и рехабилитација. Посетата опфати запознавање со просториите за изведување на хидротерапија, масажа, кинезитерапија и работна терапија,  начинот на припрема на пациентите за хидротерапија и кинезитерапија, како и принципот на изведување на некои конкретни хирдрокинезитерапевтски процедури.

 

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.