Отворен ден на училиштето


СОУ „Ѓорче Петров“- Прилеп, организираше отворен ден за учениците од основните училишта. Во убав амбиент, можеше да се види целокупниот просторен и материјален капацитет со кое располага училиштето. Од страна на училиштето беа презентирани техники при изведувањето на практичната настава, кои на љубопитните „основци“ им беа мошне интересни.

Вработените и учениците од сите години во СОУ „Ѓорче Петров“-Прилеп добро се подготвиле за овој настан, па со видео презентаци, предавања и показни вежби, прикажаа дел од секојдневната работа на еден стручњак, кој ќе се определи за некоја од струките која би ја завршил во ова школо. Како повод беше искористен денот 12. Мај, познат како светски ден на медицинските сестри, профил на занимање кој се изучува во ова училиште.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.