Драмската секција на СОУ,,Ѓорче Петров” Прилеп, по вторпат ПРВО МЕСТО


На Конкурсот објавен по повод 9 Мај – Денот на Европа, од страна на ЕДРМ, на тема ,,ЕУ во желбите на младите: повратен билет или поинаку”, екипата на Драмската секција од нашето училиште составена од учениците: Ангела Јагуриноска, Антониј Колески, Константин Василески, Круме Талески, Мики Петрески, Магдалена Димоска,  Фросина Јованоска и Теодора Трајкоска, под менторство на проф. Билјана Тинтоска освои ПРВО МЕСТО. Сценариото за претставата го напиша Филип Стојаноски. Натпреварот се одржа на 8 мај 2016г. во фоајето на Филолошкиот и Филозофскиот факултет во Скопје. Жири-комисијата составена од претставници на ЕДРМ и професионални глумци беше воодушевена од изведбата, креативноста и смислата за хумор на нашите ученици, искажани преку сценската игра. Екипата има обврска истава претстава да ја изведе и на сцената на МНТ. Тоа ќе биде голема чест и задоволство за нас како училиште и за нашите глумци.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>