Стручна екскурзија на учениците конфекционери


Група ученици од текстилно-кожарската струката од нашето училиште СОУ ,,Ѓорче Петров‘‘, заедно со нивните професори Весна Смугреска и Здравка Најдоска, остварија еднодневна екскурзија од научно – образовен и рекреативен карактер до Струга.
Во склоп на активностите го посетија СОУ ,,Нико Нестор‘‘-Струга, каде што покрај другите струки долги години постои и текстилно-кожарската.
Учениците имаа можност да ги видат условите за работа на нивните врсници во училиштето и во училишната работилница. Се запознаа со учениците домаќини и ги разгледаа нивните изработки на часовите по практична настава.
Професори по стручни текстилни предмети од двете училишта, Весна Смугреска, Здравка Најдоска, Славица Негриеска и Наташа Дабеска, разменија сознанија и искуства за наставата, литературата и методите на работа, а бевме примени и од директорот на училиштето, при што дојдовме до заеднички заклучок дека ваквите средби се од заеднички интерес.
Долгогодишната соработка треба да се негува и одржува, зашто информираноста, отвореноста и пријателството водат кон остварување на заедничката цел – поквалитено образование, создавање на соодветни услови за негово остварување, задоволни ученици.
Учениците ќе ја паметат оваа екскурзија заради новите познанства и искуства, но и поради дружењето и прошетките низ нашите езерски бисери Струга и Охрид.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>