Trash Fashion 2015


И оваа година во организација на нашето училиште – СОУ ,,Ѓорче Петров‘‘, а благодарение на фантазијата, креативноста и вештината на учениците, се одржа модна ревија на модели изработени од отпадни материјали – Trash fashion. 
Вредните ученички раце со поддршка од професорката по ликовна уметност Марта Макеска и неколку други професори – хартијата, најлонот , фолијата, пластиката, металните отпадоци ги претворија во интересни креации на фустани, блузи, здолништа, панталони, наметки и оригинален накит. 
Девојките, разубавени со шминка и фризури, продефилираа на ,,модната писта‘‘ пред публиката од професори, ученици и гости, докажувајќи дека младоста, желбата, инспирацијата, вештината и упорноста од ,,ѓубрето‘‘ создаваат уметност. 
Најуспешната креација ќе го преставува училиштето на републичката манифестација ,,Trash fashion 2015‘‘, која ќе се одржи во месец јуни во Скопје. 

Како изгледаше подготовката и модната ревија можете да погледнете тука :

                   – https://docs.google.com/file/d/0B3QWKpoPI7PqNXFXcF82ZG00Q28/edit?pli=1

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>