На 04. 05. 2015 г. заедно со неколку ученици – конфекционери ги посетивме просториите на дисперзираните студии од универзитетот ,, Гоце Делчев‘‘ сместен на патот за Крушево , наспроти конфекцијата ,,Васидора‘‘ .
Учениците – матуранти имаа можност да добијат исцрпни информации во врска со условите за студирање и упис на дисперзираните студии по текстил, дизајн и менаџмент. Воедно, ги разгледаа и одличните услови за работа кои ги нуди овој нов и современо опремен простор.