За престојот на учениците под СОУ„Ѓорче Петров“ Прилеп во Мадрид


Успешно заврши обуката во Мадрид за 9 ученици од СОУ „Ѓорче Петров“ од здравствената струка-профил медицинска сестра.Учениците беа дел од Програмата („The care and knowledge alliance“) овозможена од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и Програмата Еразмус плус. Имено, тие на 13.04.2015г. отпатуваа за Мадрид, за да учествуваат во Проектот „Грижа и знаење“. Учениците имаа практична обука, еден вид стажирање во Sanyres- центарот, кој е еден од водечките во Шпанија за геријатрија и геријатриска грижа. Учениците во текот на својот престој во месноста Лас Росас, предградие на Мадрид, во Центарот за рехабилитација на стари лица, се запознаа со најновите достигнување од областа – нега на болни лица. Нашите ученици имаа можност да ги негуваат старите лица. Нивното искуство се состоеше од хранење на старите лица, местење на нивните кревети, делење терапија, преврзување рани, но и користење на современата медицинска опрема со која располага Центарот. Вреди да се истакне љубезноста на персоналот кон нашите ученици и несебичноста во можноста долгогодишното искуство да се пренесе на учениците од Македонија. За вклученоста во Проектот, секој ученик доби меѓународно признат сертификат, со кој учениците полесно ќе можат да аплицираат за понатамошниот тек од нивното образование или евентуално појавување на пазарот на трудот, како и приврзок од Центарот како драг спомен. На крај, видно беше задоволството кај учениците од укажаната можност и уште еднаш искажаа благодарност на сите релевантни фактори кои учествуваа во реализацијата на овој проект. Ова е од големо значење за професионалниот напредок на учениците, со оглед на тоа што некои од нив следната година ќе одат на Универзитет за да бидат лекари. Искуството од Мадрид е добар начин за да ја креираат својата иднина. Некои од нив, можеби сакаат да се вратат во Шпанија, за да работат таму. Но како и да е, ова за нив е голема придобивка во нивната оспособеност да работат насекаде во светот. Нашите ученици се млади ентузијасти, кои гледаат напред и се отворени за нови можности. Секој пациент ќе биде во добри раце.

Покрај драгоценото професионално искуство, учениците имаа време да уживаат во Мадрид – „ градот кој никогаш не спие“ и да ги вкусат традиционалните шпански специјалитети. Нашите и учениците од Тетово и Гостивар (вкупно 27), заедно со своите директори беа сместени во хотел со три ѕвезди, а практичната работа ја изведуваа во две смени, по 5 работни часови.

Престојот на учениците во Мадрид заврши на 28.05.2015г.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>