Учесниците во проектот ,,Низ пракса до подобри вештини‘‘ на прием кај директорот Дејан Димоски
Во петокот, 18.12.2015 г. учениците од СОУ ,,Ѓорче Петров‘‘ кои учествуваа во проектот ,,Низ пракса до подобри вештини‘‘ беа примени од директорот на училиштето Дејан Димоски. Низ разговор, учениците го информираа директорот за активностите во рамките на проектот . Тој ја пофали нивната ангажираност и примерно однесување и им порача успешно да ги применуваат практично стекнатите знаења и да ги негуваат создадените пријателствата и вредности.