Македонска хемиска олимпијада


На Македонската хемиска олимпијада,  СОУ„Ѓорче Петров“ влезе во најтесниот круг!

Во кругот натпревари по хемија, организиран од Сојузот на хемичари и технолози на Македонија, нашата ученичка Бранкица Мијаческа од 3-8 клас (здравствена струка, занимање – фармацевтски лабораториски техничар), под менторство на професорот по хемија Слободан Петкоски, покажа високи резултати. Имено, натпреварот се состои во испитување на знаењата на учениците во два дела, и тоа: теоретски прашања и решавање задачи. Право на учество имаат сите средношколци од Република Македонија од државните и приватните средни училишта. Натпреварите се одвиваат по следниот редослед:

– Општински натпревар, одржан на 14 март 2015г. во СОУГ„Мирче Ацев“ Прилеп;

– Регионален натпревар, одржан на 18 април 2015г. во СОУГ„Мирче Ацев“ Прилеп;

– Државен натпревар, одржан на 16 мај 2015г. на ПМФ Институт по хемија – Скопје;

– Македонска хемиска олимпијада, одржана на 12 декември 2015г. на ПМФ Институт по хемија – Скопје

Токму на оваа Олимпијада одбран е поширок тим од 12 ученици, во кој е и нашата ученичка Бранкица Мијаческа и кој ќе се подготвува за Меѓународна олимпијада по хемија (ICHO 2016), која ќе се одржи во јули 2016г. во Карачи; Пакистан.

Преку меѓусебно натпреварување на учениците од овој тим, ќе бидат селектирани четворица ученици кои ќе се натпреваруваат во Карачи, на ICHO 2016г. во Пакистан.

И посакуваме успех и висок пласман на нашата Бранкица!

20151221_174857

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>