Нов влез во училиштето


По повод Св. Никола заштитникот на град Прилеп, во присуство на Градоначалникот Марјан Ристески и Претседавачот на советот на општина Прилеп Никола Димески, во СОУ „Ѓорче Петров“- Прилеп во употреба беше пуштен новиот влез во училиштето. Ова за училиштето и учениците преставува огромна придобивка од функционален карактер, затоа што сега во целост се скратува заобиколувањето на училишната зграда и пристапот до југоисточната страна. Во училиштето се поставени врати со сензор, како и светлечки натпис со ликот и  името на револуционерот чие име го носи. Финансирањето е од буџетот на локалната самоуправа. Проектот е изработен од страна на ПУП од Прилеп, а изведувач е Тера Кота Инженеринг од Прилеп која високо професионално одговори на обврската. Беше задоволство да се видат учениците кои според нивните зборови се воодушевени од реализацијата на проектот и новиот лик на школото.Според најавите на Градоначалникот, следен проект би бил нова термофасада на училиштето, допоставување на заштитна ограда околу школото и партерно уредување на кругот од училиштето.

 

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>