Наследството од минатото, искуството од сегашноста и ветувањето на иднината


Во периодот од 28.01 до 03.02 2018 група од 5 ученици и 2 професори учествуваа на  првата активност за учење со ученици од проектот –  “Наследството од минатото, искуството од сегашноста и ветувањето на иднината”во Валмојадо, Шпанија. За време на престојот учениците учествуваа на работилници и различни активности за учење. Учесниците беа примени во канцеларијата на градоначалн икот на Валмохадо. Исто така тие се запознаа со културното наследство на земјата домаќин  при што го посетија Толедо, град со богата историја и традиција каде посетија катедрала, црква, џамија и синагога, но и главниот град на Шпанија – Мадрид кој изобилува со културно-историски споменици, има богата историја и традиција. Покрај тоа учесниците имаа можност да ја пробаат и Шпанската традиционална храна.
Проектот е финансиран од страна на Европската Комисија преку Националната агенцијата за европски образовни програми и мобилност
Учениците беа придружувани од Елизабета Милошеска – координатор на проектот и Наташа Најдоска – професор ментор. Останатите учесници беа од Турција, Германија, Италија и Шпанија

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.