Нашите реки, наша заедничка иднина


Во периодот од 18.03 до 24.03 2018 група од 5 ученици и 2 професори учествуваа на  првата активност за учење со ученици од проектот –  „Нашите реки, наша заедничка иднина” во Модика – Сицилија, Италија.
Домаќин беше средното училиште IIS Archimede од Модика.
За време на престојот учениците учествуваа на работилници и различни активности за учење.
Учесниците беа примени во канцеларијата на градоначалникот на Модика.
Од страна на домаќините беа организирани посети на Сиракуза, Ортиџа, Пештерите во Испика, барокниот град Шикли.
Учениците се запознаа со богатата историја на Модика – град под заштита на Унеско кој е карактеристичен по својата барокна архитектура.Добрите домаќини се погрижија за тоа да ни ја претстават домашната кујна, а гостите уживаа во вкусните сицилијански специјалитети.
Учениците Кирил Петрески, Теодора Адамческа, Михаил Алексоски, Тамара Дамеска и Бојан Белистојаноски беа придружувани од Гоце Неделкоски – професор ментор и директорот Страшо Ѓорѓиески.
Останатите учесници беа од Турција, Португалиија, Италија и Полска.
Проектот е финансиран од страна на Европската Комисија преку Националната агенцијата за европски образовни програми и мобилност.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>