Конкурс – пракса во Шпанија!


Проектот “The care and knowledge alliance” ќе овозможи девет (09) ученици од СОУ “Ѓорче Петров” од Прилеп да поминат период од 2 недели на практична работа во Шпанија, во домот за стари лица “SANYRES SUR S.L.” во Лас Росас, Мадрид.

Повик

Во согласност со правилата од грантот за Проектот “The care and knowledge alliance” кој е финансиски поддржан и спроведуван во рамките на Програмата Еразмус+ на Европската Унија а менаџирана од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, директорот на СОУ “Ѓорче Петров” од Прилеп распишува за аплицирање за учество на ученици од втора, трета и четврта година, здравствена струка, профил медицинска сестра кои би биле вклучени во овој проект и би следеле практична обука соодветна на нивниот образовен профил во домот за стари лица “SANYRES SUR S.L.” во Лас Росас, Мадрид, Шпанија. MadridОбуката ќе се одржи во периодот од 06 до 20 Март 2015 година. Учениците кои се заинтересирани да аплицираат за оваа обука треба да достават:
– Мотивационо писмо;
– Пополнат формулар (линк за преземање – подолу, а може да се подигне и од канцеларијата на педагошко психолошката служба).
– Документацијата се доставува до Психологот Лидија Алексоска не подоцна од 17.12.2014 година.
Сите апликанти ќе бидат повикани на интервју кое ќе се одржи на 18.12 2014 година. На истиот датум се очекува апликантите да бидат присутни пред кариерниот центар на училиштето во 12:00 часот. Интервјуто исто така ќе се бодува во вкупниот скор при селекцијата.

Формулар за аплицирање

 

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.