Во посета на Витаминка


poseta_na_vitaminka1Група ученици од трета година од профилот Фармацевтско лабораториски техничар при СОУ „Ѓорче Петров“ од Прилеп, предводени од професорките Венера Мишачковска и Весела Здравеска, како составен дел од наставната програма ја посетија Хемиската лабораторија на П.И. „Витаминка“ А.Д.

poseta_na_vitaminka3Директорот на контролно-развојна лабораторија Натали Петреска, ги запозна учениците со работата на лабораторијата и мерните инструменти.

Учениците имаа можност да видат неколку испитувања за квалитетот на некои суровини кои редовно се испитуваат во лабораторијата. poseta_na_vitaminka2Беше истакнато и тоа дека ваквиот начин на контрола на суровините, полупроизводите и амбалажата за производите е многу важен за добивање на стандарден и висок квалитет на производот.

Учениците пробаа и дел од производите на „Витаминка“, заклучувајќи дека квалитетот на нашите производи е на високо ниво.

Преземено од www.vitaminka.com.mk

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>