Конкурс за литературна творба


ИНФО СЕГА објавува Конкурс „Да твориме на мајчин јазик “ за литературни творби на слободна тема

ИНФО СЕГА во соработка со СОУ „Ѓорче Петров“, по повод 21ви Февруари Меѓународниот Ден на мајчиниот јазик, објавува конкурс за литературни дела на слободна тема, на кој можете да учествувате со вашиот есеј, расказ, драма, поема и било кој вид  литературна творба.

Право на учество имаат сите ученици од СОУ „Ѓорче Петров“  да учествуваат и да ги испратат своите дела во електронска форма најдоцна до 13.02.2017 година, на следната емаил адреса: infosega@infosega.org.mk.

Се поттикнуваат учениците од други националности од СОУ „Ѓорче Петров“ да творат на својот мајчин јазик.

Најдобрите три творби ќе бидат објавени на веб страната на ИНФО СЕГА, и истите ќе бидат наградени на манифестацијата која ќе се одржи на 16.02.2017 година, во Библиотеката на СОУ „Ѓорче Петров“. На настанот ќе присуствуваат и тројца Италијанци, волонтери во ИНФО СЕГА, кои ќе читаат дела од италијански писатели, со цел да се промовира италијанската литература кај нас и да се разменат литературните искуства.

Исто така ги покануваме младите писатели од СОУ „Ѓорче Петров“, да го искористат овој настан за промоција на своите дела.

Сите литературни дела кои ќе учествуваат на конкурсот ќе бидат објавени во електронска збирка на веб страната на ИНФО СЕГА.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.