Ученици од СОУ,,Ѓорче Петров” на практична работа во Шпанија


Во среда, 08.02.2017 година ќе почне спроведувањето на втората мобилност од проектот ,,Professional VET cooperation development project‘‘.
Деветнаесет ученици од СОУ„Ѓорче Петров“ од Прилеп, претставници на медицинската струка и профилите медицинска сестра и физиотерапевтски техничар имаат убава можност да престојуваат осумнаесет дена во Мадрид, Шпанија, заедно со координаторот на проектот, Билјана Рошкоска и професорите – ментори, Соња Николоска и Антигона Димоска.
За време на  практичната работа и обука  учениците ќе  ги развијат и покажат вештините и знаењата добиени во текот на наставата, но ќе ги надградат и  јазичните познавања, ќе  видат друга култура и начин на живот, ќе  се дружат, осамостојуваат и ќе создадат нови пријателства.
Праксата е совршен искуствен учител и неизоставен дел од средното стручно образование.
Она што како искуство ќе го донесат од Шпанија, учениците ќе го применат во полесно совладување на теоретските часови, а понатаму и за поефикасно извршување на нивната хумана професија.
Проектот е финансиски поткрепен од програмата Еразмус + на Европската комисија и Националната агенција за Европски образовни програми и мобилност.
шпанија

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>