ACES повторно кај нас


И оваа година, проектот на СОУ „Ѓорче Петров“ е награден од страна на АЦЕС-Академијата за централноевропски училишта – една од најголемите мрежи во Централна и Југоисточна Европа. Нејзина основна цел е промовирање дијалог и прекугранична соработка на младите луѓе и училиштата, а е основана од ERSTE фондацијата и координирана од Interculturalles Zentrum во соработка со VČELÍ DOM. Проектот е поддржан од 15 Министерства за образование на сите земји учеснички. Во конкуренција од 163 поднесени апликации и 596 училишта, беа наградени 42 проекти со вкупно 100 вклучени училишта.

Темата на проектот оваа година беше „Солидарност“, а темата на нашиот проект е “Насмевката е најдобар подарок”. Координатор на проектот е проф. по англиски јазик Елизабета Милошеска.

Почетната средба се одржа во Сараево, Босна и Херцеговина, од 5 до 8 октомври, 2015 г. Учество зедоа по 1 наставник и 1 ученик од секое наградено училиште. Тие имаа можност  меѓусебно да се запознаат, да ги разработат понатамошните активности и да стекнат корисни вештини за управување со проектите, запознавање со нови методи на учење и размислување во врска со темата „Солидарност“, но меѓу другото, имаа и можност да развијат лични контакти и пријателства. Овогодинешните партнери на СОУ„ Ѓорче Петров“ се од градот Ниш, Р. Србија и од градот Вац, Унгарија. Преку реализирањето на предвидените активности учениците ќе имаат можност да ја покажат својата солидарност на дело.

Посетата на партнерските училишта во нашиот град и училиште се одржа на почетокот на месец ноември, поточно од 04 до 07 ноември. Нашите активности имате прилика да ги погледнете во следново видео.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.