По повод светскиот ден за на животната средина ,5 јуни во нашето училиште СОУ„Ѓорче Петров“ Прилеп се организираше модна ревија од креации изработени со реупотреба на стара облека и текстилни производи .
Оваа година фокусот беше ставен на џинсот, облека која е омилена кај различни популациски и возрасни групи.
Креациите и модните додатоци ги изработија вредните раце на учениците од нашето училиште кои редизајнираа, реупотребуваа и апциклираа фармерки, тесас јакни … и комбинирајќи ги со други материјали им ,,влеаа” нов живот.
Овој настан го организираме за да ја поттикнеме еколошката свест , одрживото живеење и општествената одговорност кај учениците низ креативност, тимска работа, едукација , истражување, забава, другарување.
Мотиви од хипи стилот беа вметнати во креациите, а слоганот на ,,Траш Фешн 2024” е да има мир и слога низ целиот свет.
Реализациајта на настанот беше помогната од до директорката на СОУ,,Ѓорче Петров”, Жанета Видевска, донаторитe на наградите за креациите : ,,Тритекс”, маркет Стибера, пицерија ,,Ла Стрaда”, пицерија ,,Леоне” , ,,Дуки Дасо”. слаткарница ,,Дизниленд Трејд. Благодарност и до конфекција ,,Кули”, конфекција ,,Жалфија” , креативните тимови од ученици, како и до сите присутни гости модната ревија ,,Траш Фешн 2024”.
1 место : Тим составен од модел: Јана Чергоска и креатори Андреј Бошески, Даниел Главчев и Лејла Башевиќ,
2 место :Тим од :креатор и модел Доротеа Илиеска
3 место: модел: Јана Пирганоска, креатори Елена Бошеска и Фросина Стојческа.
Освен главните три, беа доделени и уште неколку специјални награди кои заслужено ги добија Теодора Јошеска, Кристина Трајковска, Анастасија Јандеска, Теодора Деркоска, Андреа Костадиноска, Фиона Зајкоска, Евгенија Ѓорѓиоска , Сара Карафилоска, Стефанија Стаменкоска , Тамара Трајаноска , сите ученички од текстилно-кожарската струка.
Ментори на тимовите се професорките по ликовна уметност: Марта Макеска и Емилија Димоска како и професорките од текстилно-кожарската струка Здравка Најдоска и Наташа Мирческа. Во уредувањето на фризурите на нашите учесници учествуваше професорката по пракса на профилот фризери Стојне Христоска и ученици од овој профил.