Во спомен на Тоше


МЛАДИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА СОУ„ЃОРЧЕ ПЕТРОВ“ ВО СПОМЕН НА

НАШИОТ АНГЕЛ – ТОШЕ

Добра вечер!

Овој настан е организиран со цел да му оддадеме почит и да се потсетиме на нашиот

Тоше.

Сите ние израснавме со неговите песни, секоја негова песна си има свое место во нашите

сеќавања, секоја негова песна не потсетува на некој настан од нашиот живот, секоја негова

песна си има своја приказна… Вечно ќе ги памтиме и пееме неговите песни, бидејќи беа

испеани со љубов од Тоше, а љубовта е вечна. На овој ден, 16 октомври, пред 9 години,

Тоше загина во сообраќајна несреќа, но тој има само датум на раѓање и засекогаш ќе

остане во нашите срца. Нам на младите, Тоше секогаш ќе ни биде огледало за тоа како да

водиме примерен и морален живот и кога имаме прилика да сме славни и богати и тоа да

не ни попречи во практикувањето на животните доблести и во ширењето ЉУБОВ и само

ЉУБОВ околу нас, безрезервно и вечно!

За крај мојот краток говор ќе го завршам со зборовите што тој обожаваше да ги изговара:

„ВЕ САКАМ СИТЕ!!!“

Со ова пригодно кратко обраќање на Андреј Ристески – член на Младинскиот совет на

Младинската организација на СОУ„Ѓорче Петров“ Прилеп, започна настанот што по

повод одбележувањето на 9-годишнината од загинувањето на нашиот ангел – Тоше, и

сеќавањето на неговото дело и љубов, го организираше нашата Младинска организација и

моделот Дете – правобранител, синоќа на 16 октомври, во кафе-барот Вирус.

Атмосферата ќе ја доловиме преку фотографиите што имате можност да ги погледнете,

а кои ги подготви нашата ученичка Анастасија Бошкоска.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>