ETF и digitalschool.mk


Во средата 19.10.2016 во посета на нашето училиште беше г-дин. Julian Stanley од Европската Фондација за обуки (ETF).

Посетата е поврзана со проектот digitalschool.mk кој веќе се имплементира од почетокот на оваа учебна година со учениците. Ние веќе пишувавме за овој проект. Наставницитetf-2е претходно беа обучени за користење на нови дигитални вештини кои им помагаат за нивен подобар професионален развој. Учениците пак, на еден поинтересен начин може да ги совладаат наставните содржини.

Господинот Стенли прво одржа средба со дел од наставниците кои беа вклучени во обуката и се запозна со нивните искуства, впечатоци и очекувања. Потоа беше во посета на часот по Анатомија кој професорката Соња Николоска го одржа во I-1 и во кој многу успешно беа инкорпорорани новите дигитални техники во наставата. Часот беше многу интересен и за учениците а гостинот импресиониран, сподели кратко видео на twitter (https://twitter.com/julianstanley10/status/788833388174114817)

Господинот Стенли разговараше и со учениците кои многу позитивно се изјаснија за проектот.

 

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>