Во организација на Текстилниот кластер , на иницијатива на неговиот Извршниот директор Наташа Сивевска и со реализација на тимот од Fashion-freelenser.mk (Јасмина Цанева–Лазовска, Јована Јорданова, Цветанка Гаревска) за учениците и наставниците од текстилно-кожарската струка при СОУ„Ѓорче Петров“ од Прилеп, се одржа дводневна работилница за 3Д моден дизајн.
Она што можеа да го видат, слушнат и што е најважно практично да го искусат при работата на софтверот за 3Д дизајн беше несекојдневно искуство кое ги отвори видиците на учениците и наставниот кадар, ја поттикне љубопитноста и ги „разби“ стереотипите за работата во текстилната индустрија која е веќе дел од четвртата индустриска (дигитална револуција).