Посета на Завод, Музеј и галерија – Битола


 

На ден 22.05.2017г. учениците од текстилно – кожарската струка при СОУ Ѓорче Петров – Прилеп заедно со професорите по стручните текстилни предмети остварија посета на “НУ Завод,Музеј и Галерија”- Битола. Целта на посетата беше учениците визуелно да доловат дел од естетските вредности на народното творештво, народните носии и нивните карактеристични делови на облека: џамадан, џубе, ќостек,калци,опинци и други модни детали кои биле главна одлика за одреден временски период. Ова беше убава можност тие да се потсетат на материјалот кој што го изучуваат на теоретските часови по стручните текстилни предмети. Во исто време имаа прилика да разгледаат дел од културно историските споменици на Битола низ слики, експонати како и археолошките истражувања на локалитетот Хераклеа Линкестис.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>